Достапни линкови

Косово не може да го спречи протоколот со ЕУЛЕКС


Многу врева за ништо, вака угледниот британски новинар и познавач на состојбите на Балканот Тим Џуда го коментира противењето на косовската влада на протоколот за полициска соработка меѓу ЕУЛЕКС и Србија. Во разговорот за Радио Слободна Европа тој вели дека Косово не ќе може да го спречи реализирањето на протоколот.

Приштина смета дека во договорањето на протоколот што го поддржува и високиот комесар на Европската унија Хавиер Солана биле избегнати институциите на Косово. Во исто време, најавата на неговото потпишување пред извесно време предизвика насилна реакција на движењето Самоопределување при што на Косово беа оштетени 25 автомобили на ЕУЛЕКС. Британскиот новинар Тим Џуда, во разговор со нашиот новинар Бранка Тривиќ, вели дека нервозата на Косово нема да трае многу време:

,,Мислам дека се крева многу врева за ништо кога станува збор за потпишување протокол меѓу ЕУЛЕКС и Белград. Тоа на Косово се прави поради внатрешно политички причини. Сметам дека Косово нема да може да го спречи потпишувањето и оти таа спогодба ќе биде реализирана.,,

Вели Џуда, кој во врска со проценките на некои западни аналитичари, меѓу нив и оние во американската агенција за стратегиски прогнози Стратфор, кои предвидуваат интензивирање на тензиите на релација Приштина, ЕУЛЕКС оценува:
Опасност од некое поголемо насилство, според мое мислење, нема. Конечно и ако дојде до поголемо насилство тоа ќе биде на штета на Косово...


,,Не, мислам дека не постои таква опасност. Ако не се лажам и шведското претседателство на Европската унија го поддржа потпишувањето на протоколот и тој протокол ќе мине. Битно е да се сфати дека на Косово претстојат избори при што секој сака да звучи што поостро.,,

Наведува британскиот новинар, додавајќи дека Европската унија на Косово ќе го прави сето она за што има мандат без оглед дали тоа им се допаѓа на властите во Приштина. Во контекст на можната политичка цена при евентуалната појава на насилства на Косово Џуда вели:

,,Опасност од некое поголемо насилство, според мое мислење, нема. Мислам дека превртување на 24 возила на ЕУЛЕКС од страна на активистите на Самопределување, не е чин на сериозно насилство. Без такви акции луѓето нема ни да знаат дека тие постојат. Конечно и ако дојде до поголемо насилство тоа ќе биде на штета на Косово.,,

Според британскиот новинар Тим Џуда, протоколот претставува продолжување на претходните спогодби за полициска соработка меѓу Србија и Косово со посредство на УНМИК.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG