Достапни линкови

Беспарица, а трошоците за зима ,,притискаат“


Куманово
Куманово

Кумановчани се прашуваат како ќе се опремат за претстојната зима. Есенските месеци се најтешки, треба да се купат дрва за огрев, да се обезбеди зимница, а треба да се подготват и децата за училиште.

Притиснати од сиромаштијата кумановци ги зафатија главоболки како и со кои пари да ги опремат нивните деца за на училиште, како да купат огревно дрво,а за зимница велат дека не можат сеуште да размислуваат. И како што додаваат сиромав човек жив ѓавол, поради што оптимизмот не ги напушта и се надеваат дека колку-толку и зимница ќе обезбедат, за да можат да се прехранат во долгите и студени зимски денови. Можеби во малку подобра состојба се семејствата во кои живеат пензионери,кои барем за сега го надополнуваат семејниот буџет. Како се подготвуваат за зимата кумановци велат:

„Колку имаме чаре, толку. На дрва ќе се топлиме, ама сеуште не сме купиле. Скапи се дрвата. Речиси се изедначија со струјата.“
Кога има, кога нема. Ќе се грееме и на греалица и на дрва. Дрвата се скапи, 50 евра кубик


Вели еден од кумановските пензионери. Помладите социјални случаи за подготвување за претстојната зима забележуваат:

„Кога има, кога нема. Ќе се грееме и на греалица и на дрва. Дрвата се скапи, 50 евра кубик.“

„Се подготвуваме, ама немаме пари.Тешко е со социјална помош од 1.500 денари. Се живее сиромашки. За долг од 20 илјади денари ми ја исклучија струјата. Дрвата се многу скапи.“

Тешко е за оние што имаат мали деца, а се чини уште потешко е за оние кои имаат деца на училиште.

„Од каде пари! Денеска никој не е вработен. Колку имаме толку, ама детето на школо мора да оди. Со 1.200 денари што да правиме. За зимница ќе видиме. На дрва се грееме. Не сме купиле уште, оти многу се 3000 денари за кубик. Уште и јас сум болна па и лекови морам да купувам.“

Има и такви кои велат дека не се многу сиромашни.За подготвување зимница сметаат дека е уште рано, а за огрев:
Од каде пари! Денеска никој не е вработен. Колку имаме толку, ама детето на школо мора да оди


„Обезбедивме дрва. Скапи се, како не. Се е скапо.“

Жителите кои живеат на село и покрај тешкотиите со кои се соочуваат како земјоделци, за исхрана и за огрев не се плашат.

„Зимница на село не ни треба. Кој има заби ќе јаде, кој нема, нема да јаде. Ние имаме дрва и лете и зиме си користиме дрва.“

Низ насмевка вели оваа жена на која барем по првиот впечаток многумина сиромашни ќе и позавидат. Во Куманово, градот кој има над 30 илјади невработени, околу 18 илјади технолошки вишок, вработени чија бројка често варира, со заработувачка под просечна македонска плата, зимата ќе се презими. Кој како, самиот ќе се снаоѓа, во очекување да пристигне новото лето, кога барем за огрев и за топла облека и обувки нема трошоци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG