Достапни линкови

Жешка политичка есен?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Опозицијата најавува жешка политичка есен. Владата веќе добива најави за штрајкови од земјоделците, работниците, незадоволните... Притисокот расте и во очекување на извештајот од Европската Комисија, а тука се и амбициите за НАТО и ЕУ, што пак ги проблематизира проблемот со името. Што не очекува есенва?

Опозицијата најавува жешка политичка есен, власта се пофали дека работи според планираното. Во собранието се носат последните закони по терк на Европа. А, граѓаните и понатаму со ставот дека не им веруваат на политичарите. Но сите се сложуваат дека не очекува жешка политичка есен. Температурата уште повеќе се качува со постојниот притисок поврзан со нашите амбиции за членство во НАТО и во ЕУ. Во очекување на извештајот на Европската Комисија и детали за разрешницата на спорот за името со Грција., Владата веќе доби најави за протести на земјоделците, работниците, незадоволните. Како своевидна темпирана бомба останува и нарушените меѓуетнички односи по случувањата во Нерези, невоспоставените дипломатски односи со Косово, затегнатите односи со Бугарија по последниот случај со Спаска Митрова, случај кој се издигна на ниво на државно прашање, долгогодишниот спор меѓу МПЦ и СПЦ. Колку на целата состојба и помогаат или одмагаат влошените односи на политичката сцена ? И политичарите и експертите се сложуваат дека политичкиот дијалог помага за развивање на демократијата, но секоја поголемо препокување може да ја наруши сликата за Македонија, што ја има меѓународниот фактор, особено сега кога се очекува извештај од Европската комисија. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, веќе, најави поголема политичка активност, која ќе уследи по средувањето на внатрепартискте редови. Тој најави Влада во сенка, нова програма, трибини, јавни настапи кои ќе зачестат по конгресот што СДСМ ќе го одржи на 12-ти септември. Секретарот на СДСМ, Андреј Петров вели дека ќе понудат конкретни решенија за проблемите на граѓаните.
уѓето да можат да сватат дека нема да им продаваме ,,магла“ туку нудиме конкретни решенија, со конкретни луѓе. Очекуваме да има ефект затоа што е различно од се она што досега е понудено на политичката сцена


„Луѓето да можат да сватат дека нема да им продаваме ,,магла“ туку нудиме конкретни решенија, со конкретни луѓе. Очекуваме да има ефект затоа што е различно од се она што досега е понудено на политичката сцена.“

И од ЛДП најавуваат нивно поголемо присуство меѓу граѓаните.

„Опозицијата сето тоа да го пренесе не само преку прес конференции или во Собранието, туку во непосреден контакт со граѓаните, значи на есен можам да гарантирам многу поголема комуникација со граѓаните.“

Вели Андреј Жерновски. Досега немало разговори за заеднички активности на партиите од опозицијата. Партиите се подготвуваа самостојно за нивните есенски активности, но не ја исклучуваат можноста за соработка. СДСМ ја обвини Владата дека многу малку направила додека е на власт. На нападите веднаш возврати високиот политички врв:

„Ова е за жал стариот Бранко Црвенковски, со истите зборови, истите фрази со политичко искуство од 18 години и на власт на разни позиции. Јас би го запрашал до кога планира да се служи со исти методи, до кога планира повторно и повторно да ги користи меѓуетничките тензии кои се појавуваат секогаш кога СДСМ е во опозиција за да биде актуелен и да ги држи луѓето во страв.“

Рече министерот за економија Зоран Ставревски. Во јавноста излегоа и шпекулации дека се планира нова владина реконструкција. Премерот Никола Груевски велејќи дека замена ќе има само за оне кои ќе дадат оставка. Премиерот вели дека не е изненаден од најавите дека Црвенковски би можел да стои на чело на штрајк организиран од граѓаните, а е против владата:

„Не очекувам, доколку не ја промени реториката, не очекувам дека и намерата да сруши една власт, за да дојде тој на власт, ја променил.“

ДПА пак го напушти собранието и најави дека ќе постапуваат вонинституционално, а ќе се вратат на домашната политичка сцена само
Ова е за жал стариот Бранко Црвенковски, со истите зборови, истите фрази со политичко искуство од 18 години и на власт на разни позиции
кога ќе падне Владата. Од ДПА повремено излегуваат на прес конференции, првин побараа итно воспоставување на дипломатски односи со Косово, а потоа побараа и учениците македонци да го изучуваат албанскиот јазик уште во основно училиште. И експертите чекаат на програмата на опозицијата. Аналитичарот Владимир Мисев вели дека СДСМ требаше поактивно да поработи на своја промоција и преставување на новиот тим.

„Луѓето кои што ќе бидат одредени персонални решенија,мора и вие да ги промовирате. Сметам дека најпрво треба програмата да се промовира, да се дебатира, да се води дијалог со власта.“

вели Мисев . Тој додава дека сепак е за добро што СДСМ покажува политичка зрелост и тоа треба да го следат и другите партии во опозиција, и да постапуваат во рамките на институциите, а не како ДПА која го напушти собранието. Од ДУИ велат дека тие како најголема албанска партија , оваа есен ќе бидат сконцентрирани на извештајот на Европската комисија.

„Сработување на се што значи добивање на позитивен извештај и добивање датум за преговори, мислам дека поважна тема и поголем приоритет од ова неможе да има.“

Објаснува Џеват Адеми од ДУИ. Тој вели дека дијалогот меѓу политичките конкуренти е нормална демократска работа, и се додека се почитуваат етичките кодекси, е во ред. Дека партите треба да се посветат на приоритетни работи и да заборават на меѓусебните препукувања се согласуваат и експертите. Политичкиот врв вели дека и во следниот период приоритети на Македонија ќе бидат евроатланските интеграции и решавањето на спорот за името со Грција. Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека проблемот е во тоа што не се знае дали намерите на власта за евроатланките интеграции се кристално чисти.

„Не сме сигурни дека идеал на оваа власт е НАТО и ЕУ и заради тоа не сум многу оптимист дека оваа власт ќе ги користи сите механизми за да ја убеди меѓународната заедница дека работи, дека има добра политичка воља.“

За извештајот на Европската Комисија, Биљали вели дека ќе биде реален:

„Мислам дека ЕУ ќе направи реален извештај кој што по својата природа ќе биде негативен, за да има покритие да не донесува одлука за почнување на преговорите со Македонија.“

И политикологот Владимир Божиновски смета дека оваа есен ќе биде одбележана со извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ:
Не очекувам, доколку не ја промени реториката, не очекувам дека и намерата да сруши една власт, за да дојде тој на власт, ја променил


„Доколку се добие позитивен одговор, односно датум за преговори од страна на ЕК тоа ќе придонесе за позитивна клима, не само кај владеачките партии, туку и кај опозицијата. Значи тоа ќе придонесе општо за еден наплив на позитивна клима и сметам дека поради тоа што пак, проблемот со името мора да се реши со консензус дека тоа може да доведе до затоплување на односите власт-опозиција.“

Освен решавањето на спорот за името што го имаат Грција и Македонија,кое влијае и на влегувањето на земјава во ЕУ и НАТО., Македонија има и други нерешени прашања. Министерот за надворешни работи Антонио Милошевски, во интервју за агенцијата Ројтерс најави дека е можно ново вето на Грција, овојпат за членството на Македонија во ЕУ. Според Милошоски, ризикот од повторно грчко вето за Македонија дополнително се зголемува со заострувањето на политичката ситуацијата на грчката политичка сцена, поради претстојните вонредни парламентарни избори. Македонија има и други отворени прашања со соседите. И по близу една година од признавањет на Косово, властите во Скопје и Приштина сеуште немаат воспоставено дипломатски односи. За експертите проблемот со одолговлекувањето е во водењето на лоша надворешна политика:

„Јас мислам дека е крајно време нашата дипломатија посериозно да се однесува со ова прашање. Ние оваа година имавме два инциденти дипломатски со Косово, и токму поради тој невнимателен однос во врска со дипломатските односи со Косово.“

Вели Алберт Муслиу. Тој додава дека таквата политика може да влијае и на меѓуетничките односи. Македонија неодамна имаше и проблеми во комуникацијата со бугарскате власти откако еден навидум правен проблем ескалираше на проблем на државно ниво. Меѓу друѓите нерешени прашања со соседите останува и црковното, односно спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Од МПЦ велат дека преговорите ќе
Господ да те чува, од вакви политичари
продолжат кога ќе додје време за тоа. „Жешка политичка есен“ се очекува и во многу европски држави. Синдикатите во некои земји веќе најавуваат штрајкови сега откако заврши сезоната на годишните одмори. Иако имаше најави дека ќе штрајкуваат и македонските земјоделци и отпуштени работници, сеуште штрајковите се инцидентни. Граѓаните велат дека ја изгубиле довербата во политичарите:

„Сега веќе не, порано да.“

„Си го средија својот живот, а нашиот не.“

„Господ да те чува, од вакви политичари.“

На Македонија во моментов најмалку и треба жешка есен каква што се очекува и уште пожешка војна на опозицијата и власта, велат аналитичарите. Според нив најумно би било да се поработи на битните прашања кои ќе ја подобрат состојбата на македонскиот граѓанин.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG