Достапни линкови

Казни за полнење на буџетот?


Полициски службеници
Полициски службеници

Граѓаните се жалат дека полицијата е построга и казнува и за најмал прекршок за да го наполни буџетот. За последниве 6 месеци во МВР се регистрирани 160 илјади сообраќајни прекршоци. За една година од МВР издале повеќе од 30 илјади платни налози за прекршување на законот за јавна чистота.

Ако не застанете на пешачки премин со автомобил може да платите казна од 300 евра.Ако викате ,се расправете или дрско се однесувате на сред улица ќе треба да платите глоба од 100 до 400 евра за нарушување на јавен ред и мир.За фрлен отпушок се плаќа казна од 50 евра. Луѓето се жалат дека немаат доволно пари да ги платат казните. Рамиз Муслиовски направил прекршок, пред заводот за социјални грижи , ја фрлил цигарата на земја.

„Полицаецот ме казнуваше на лице место со 50 евра, а јас сум социјалец, со 2 000 денари помош, се позајмував во другари бидејќи морав да ги платам. Два месеца и уште ги немам доплатено парите.“
Полицаецот ме казнуваше на лице место со 50 евра, а јас сум социјалец, со 2 000 денари помош, се позајмував во другари бидејќи морав да ги платам


Луѓето се жалат дека полицијата сега е построга и повеќе казнува за да го наполни буџетот.

„Изгледа им требаат пари, па секоја мала грешка ја казнуваат.“

„Јас треба со две ниски плати и казни да плаќам.“

И експертите се согласуваат дека тоа е начин на кој м оже да се пополнат дупките во буџетот.

„Па дури и со засилување на инспекциските служби со казни разно разни на реалниот сектор, па и на обичните граѓаните, за да се направи одреден прилив во буџетот за да може да се спаси, она што може да се спаси.“

вели проферорот Мирољуб Шукаров.
Таксистете се жалат дека полицијата е селективна, најчесто казнуваат во центарот на градот, а во околните населби и села никаде ги нема.

„Командирот им вика мора да се пополни бројот и на кого, таксистите ги казнуваат.“

„Центарот има, ама Јаја Паша, Чаир ги нема.“

Од МВР велат дека полицајците треба да бидат продуктивни и ефективи на крајот на месецот, но немаат квота на казни која треба да ја исполнат во текот на еден ден.

„Многу помалку шанси да биде наградуван има полицаец кој што и покрај задачата, не патролира или не санкционира одредени прекршоци, полицаец кој што наместо да биде присутен меѓу граѓаните, на улица, а седи во кафеана, наместо да биде награден, се разбира дека ќе биде казнет.“

вели потпаролот на МВР Иво Котевски. За последниве 6 месеци во МВР се регистрирани 160 илјади сообраќајни прекршоци. За 1 година од МВР издале повеќе од 30 илјади платни налози за прекршување на законот за јавна чистота. Половина од казнетите побарале паричната казна да ја заменат со општокорисна работа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG