Достапни линкови

Политиката се меша во образованието


Старт на новата учебна година
Старт на новата учебна година

И на стартот на оваа учебна година повторно стигнаа обвинувањата дека се отпуштени групи наставници, а на нивно место е примен нов наставен кадар по партиски заслуги. Надлежните бараат политиката да не се меша во образовниот систем, а Министерството за образование најавува дека ќе интервенира онаму каде што има повреди на законските одредби.

Назначувањето на директори и вработувањето наставници е во надлежност
на локалната самуправа и училишните одбори, а Министерството за образование ќе интервенира онаму каде што има повреди на законските одредби, најави Љупчо Спасовски раководител за средно и основно образование во Министерството по посочувањата дека на првиот ден од школската година во повеке училишта се отпуштени групи наставници, а на нивно место е примен нов наставен
Ние сите вработувања, Државниот инспeкторат во соработка со Министерството ќе ги преиспита што значи нема да дозволиме во училиштата да влезе не соодветен наставен кадар, а имаме соодветен кој би останал на улица
кадар.

„Треба да има соодветно образование и се разбира има потреба од соодветен кадар. Ние сите вработувања, Државниот инспeкторат во соработка со Министерството ќе ги преиспита што значи нема да дозволиме во училиштата да влезе не соодветен наставен кадар, а имаме соодветен кој би останал на улица.“

Со посочувања за партиски вработувања во основните и средните училишта на сметка на сменетите наставници излегоа некои од градоначлниците и партијата Нова Демократија.Портпаролот Аријант Хоџа одговорноста за злоупотребите во кадровската политика во образованието ја гледа кај политичките партии што се на власт и покрај тоа што основното и средното образование е децентрализирано и сите надлежности се префрлени на локално ниво.

„Знаеме дека повеќето од општините во локалната власт, ги контролираат владеачките партии, така што сигурно тие потврдуваат дека има вакви појави.“

Ненад Новковски поранешен министер за образование вели дека притисоци за вработувања се вршат на пониско ниво преку комитетите. Решението за спречување на манипулациите и заобиколувањето на политичките влијанија тој го гледа во можноста сите наствници да се вработуваат во посотојан работен однос со што тие ќ можат да бидат посветени на професијата.

„Неколку годин по ред баравме да се реши статусот на наставниците на определено време, за да не се прават манипулации и оттогаш тоа се бараше, но не се реализира и еве веќе десетина години го имаме овој проблем.“

Партиските вработувања во образовниот систем се само сегмент од севкупните состојби во општеството, додава Новковски:
Политиката никако да ја тргнеме од образованието и затоа можеби имаме лоши резултати во образованиетo


„Во однос на се друго може и да е помалку, еве во јавната администрација на пример, правичната застапеност да биде некој корективен механизам се претвори во чисто политичка.“

Во услови кога за поголемиот процент од вработувањата прсти мешаат партиите ниту реформите во образованите што се прават не може да го дадат очекуваниот квалитет зошто потребен е стручен кадар, нагласува и Љатиф Исмаили кој има искуство како директор, а сега е просветен работник во училиште.

„Тоа не е само сега, туку и порано. Политиката никако да ја тргнеме од образованието и затоа можеби имаме лоши резултати во образованието.“

Според постојната регулатива во однос на вработувањата избор врши директорот по предлог на училишниот одбор односно по предлог на соодветна комисија,а надлежнсот има градоначлникот на општината кој ја крира образовната политика покрај политиката која ја креира ресорното министерство.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG