Достапни линкови

Училиштата со низа мерки за заштита од новиот грип


На стартот од новата учебна година Министерството за здравство најави засилени мерки за заштита од грипот А Х1Н1. Во училиштата, градинките и социјалните установи ќе има зачестени контроли, ќе се врши едукација на наставничкиот кадар, ќе се дезинфицираат училниците и ќе се постават средства за дезинфекција.

На стартот од новата учебна година Министерството за здравство најави засилени мерки за заштита од грипот А Х1Н1. Во училиштата, градинките и социјалните установи ќе има зачестени контроли, ќе се врши едукација на наставничкиот кадар за начините на ширењето на грипот и подобрување на личната хигиена, ќе се дезинфицираат училниците и ќе се постават средства за дезинфекција. Од наставниот кадар ќе се бара построга евиденциија за отсуството на учениците и постојан контакт со родителите. Доколку има повеќе заразени, училиштата ќе се затвораат поединечно, вели министерот Бујар Османи.
Тоа што е битно да се каже е дека учениците со симптоми на новиот грип, мораат да се лекуваат во домашни услови односно да не се пуштаат на училиште. Нема за цел создавање на паника кај родителите и децата, целта на овие активности е всушност на почетокот од годината да се намалат сите можни ризици на проширување


„Тоа што е битно да се каже е дека учениците со симптоми на новиот грип, мораат да се лекуваат во домашни услови односно да не се пуштаат на училиште. Нема за цел создавање на паника кај родителите и децата, целта на овие активности е всушност на почетокот од годината да се намалат сите можни ризици на проширување.“

Инститот за јавно здравје ќе им одржи предавања на наставниците вели директорот на институтот Азиз Положани.

„Ќе се организираат и предавања за наставниот и менаџерскиот кадар на училиштата, за и тие имаат можности да преземат соодветни мерки за заштита од оваа болест, што сигурно ќе биде надополнета и со други активности, како вакцинацијата. Ова е се за да не дојде до затворање на училиштата.“

Директорката на средното училиште Јосип Броз Снежана Малцова Мироновска вели дека стигнало решение со мерките од државниот санитарен и здравствен инспекторат и тие веќе започнале да ги спроведуваат во училиштето.

„Досега овие мерки пред грипот, се варосување на училиштата, тоалетите. А инаку ќе ставиме течни сапуни кој што веќе ги добивме од Министерството за здравство, а другото си тече во континуитет.“

Кај нас досега има регистрирано 42 лица заразени со вирусот, од кои само еден пациент е хоспитализиран. Сите луѓе заболеле додека престојувале надвор од земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG