Достапни линкови

Се помаку пеливани во дебарско


Пеливани
Пеливани
Во најзападниот регион од нашава земја , изумира една голема спортска традиција . И покрај тоа што повеќе векови била актуелна ,сепак процесот на миграција блијаеше во прекинувањето на пеливанењето односно слободното борење, без кое во Жупа и Река не се организираа ниту свадбите . Последните неколку години изостануваат свадбените средби на пеливаните И покрај големата желба на населението истите га ги следи како некогаш.

Овој регион секогаш имаше одлични пеливани . Јашар Мутишоски од селото бајрамовци општина Центар Жупа денеска е пензионер.
Тие години немаше свадба без пеливани. Дебарските тапани беа мошне значајни, и таа музика беше многу битна за борачите во слободен стил. Се собираа луѓе од Река, Дебар ,Жупа , потоа од селата Џепиште. Започнав да се борам како млад, и голема победа беше кога го соборив на Рамко кој беше еден од најдобрите . народот потоа не даруваше со пари, таков е обичајот. Тогаш секое село имаше пеливани
Тој како еден од најдобрите борачи во слободен стил се сеќава на времето кога тој се бореше , и вели дека тогаш немаше свадба без пеливани .

,, Тие години немаше свадба без пеливани. Дебарските тапани беа мошне значајни, и таа музика беше многу битна за борачите во слободен стил. Се собираа луѓе од Река, Дебар ,Жупа , потоа од селата Џепиште. Започнав да се борам како млад, и голема победа беше кога го соборив на Рамко кој беше еден од најдобрите . народот потоа не даруваше со пари, таков е обичајот. Тогаш секое село имаше пеливани"

се сеќава Јашар Мутишоски . Во врска со тогашната плејада на пеливани нашиот соговорник вели дека,, најстариот пеливан беше Рамадан од село Баланци, како и Рамко од истото село. Потоа се сеќавам на Абедин од Житинани , Дестан од село Могорче , Гафур и тн. Инаку во мојата генерација беше Уке , Скендер , Первиз и други,,.

Нашиот 68 годишен соговорник изразува големо жалење за прекинувањето на оваа народна спортска традиција и изразува подготвеност да помогне во евентуалното обновување на пеливанењето.

,, Многу жалам што нема веќе пеливани. Траба да се обнови овој спорт. Мислам дека миграцијата си го строи своето, сега младите се во Италија . Желба ми е да и во овиие години помогнам за да се обнови оваа народна традиција"

нагласува Мутишоски .

Пеливанењето односно борењето во слободен стил на овие простори датира од времето на владеењето на турската Империја . Постарите велат дека овој спорт бил едеинствен народен спорт во Жупа и Река неколку векови.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG