Достапни линкови

Неделен печат – ,,Мора да се победи примитивниот популизам"


Бранко Црвенковски
Бранко Црвенковски

Неделникот ,,Глобус" објавува интервју со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој повикува на битка против популизмот на целиот мислечки интелектуален потенцијал во општеството.

Неделникот ,,Глобус,, на насловната страница го најавува мега-интервјуто со лидерот на најголемата опозициона партија, СДСМ, БранкоЦрвенковски, под наслов ,,Мора да се победи примитивниот популизам,,. Од последниве 11 години, Груевски е на власт во Македонија седум години, четири како министер, а три години како премиер, вели, покрај другото, Црвенковски и додава дека битката против популизмот не е и не смее да биде ексклузивност на ниту една партија или само на идната власт во земјава.Тоа мора да биде грижа и резултат на целиот мислечки и интелектуален потенцијал во општествово. Затоа, вели Црвенковски во интервјуто, мојата порака до уплашените е да се охрабрат, а до молчаливите да проговорат. Додека не стане предоцна. Лидерот на СДСМ ги оценува економските резултати на актуелната власт како катастрофални и смета дека незадоволството на граѓаните без сомнение ќе се зголемува. А, во случај власта и народот да се најдат на две противставени страни, СДСМ знае кој е изборот и што треба да прави, вели, покрај другото, Црвенковски во интервјуто за ,,Глобус,,.

Овој неделник донесува и разговор со Јонко Грозев, бугарски адвокат и активист за човекови права, под наслов ,, Бугарите се уште го сонуваат Санстефанскиот сон,,. Во интервјуто, Грозев прави обид да ги објасни сфаќањата во бугарската политика и во јавноста во целост за потеклото и идентитетот на Македонците. Од гледна точка на мнозинството, во Бугарија се прифаќа дека Македонија се изградила како независна држава со јазик, историја и ткн., но со крцкање на забите,со една болка,вели бугарскиот активист за човековиправа. Тој додава дека оспорувањата на јазикот се обид да се проблематизира целата автентичност и оти тоа е резултат на едно непознавање на историјата и на историските процеси. Тој смета дека како резултат на тоа непознавање луѓето во Бугарија мислат дека и бугарскиот јзик паднал од небото, не разбирајќи дека и тој јазик е, на еден или на друг начин, вештачки создаден. Грозев исто така смета дека бугарската држава најверојатно, во даден момент, ќе ги прогласи за Бугари сите македонски граѓани со бугарски пасош и ќе бара посебни права за нив во Македонија. Бугарската држава ќе каже, вели Грозев, дека тие луѓе самите се определиле како Бугари, а дали од тоа ќе следува некаква друга цел, останува да видиме. На Балканот не е проблем вишокот историја, туку тоа што народите својот национален идентитет го градат исклучиво врз историските митови, наместо врз политичко-граѓанско решавање на проблемите, вели покрај другото, Јонко Грозев, бугарски адвокат и активист за човекови права во разговорот за ,,Глобус,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG