Достапни линкови

Летото го враќа животот во Мијачките села


Летото го враќа животот во Мијачките села, кои во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, беа соочени со силна миграција. Главно во своите родни места се враќаат поранешните жители на селата, но ја има и младата популација.

И ова лето убавите селски населби во Мијачијата, се преполни со луѓе. Летото го враќа животот во овие села, кои во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, беа соочени со силна миграција. Овде сега се поранешните жители, но и помладите генерации кои со задоволство се восхитуваат на прекрасната природа, сепак најмногу на своите родни огништа се радуваат токму оние кои во овие села го минувале своето детство. Иван Кузмановски има 74 години, живее во Скопје, но во летниот период постојано е во своето родно село Гари:
Сите овие села своевремено беа полни, меѓутоа миграцијата си го направи своето и нашето село и другите Мијачки села се празни, меѓутоа летниот период 80 отсто тие се полни. Посебно имајќи ја во предвид сегашната тешка ситуација, луѓето си наоѓаат подобар одмор во својот роден крај


„Родниот крај отсекогаш ми бил пасија и не се откажувам. Сите овие села своевремено беа полни, меѓутоа миграцијата си го направи своето и нашето село и другите Мијачки села се празни, меѓутоа летниот период 80 отсто тие се полни. Посебно имајќи ја во предвид сегашната тешка ситуација, луѓето си наоѓаат подобар одмор во својот роден крај.“

Во Гари со Иван разговараме и за годините на миграцијата:

„Миграцијата нагло почна во во 1960-тите до 65-та година. Тогаш речиси 80 отсто од жителите од овие села се иселија. Во најголем дел се иселија во Скопје, додека другите села подоцна, тие го развиваа печалбарството, се селеа во Италија, во Германија, во Швајцарија.“

Последните години, вели нашиот соговорник во селото Гари, поранешните жители ,,наголемо“ инвестираат во уредување на своите напуштени домови. Гари, Лазарополе, Тресонче, Росок и другите мијачки села и ова лето се полни со живот, онака како што биле до миграција. Месните заедници се прилично активни и видно е подобрена патната мрежа и другата инфраструктура.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG