Неполн месец откако Владата најави дека пациентите ќе добијат триесет и девет бесплатни лекови, Фондот за здравство ја повлече одлуката за проширување на листата. На неа дел од лековите беа за луѓе со трансплантирани органи и таблети за остеопороза, кои требаше тие бесплатно да га ги добиваат од први септември. Директор на Фондот Ѓорѓи Тренковски пред три недели ја потпиша и ја промовираше листата како помош за пациентите, за сега самиот да ја повлече. Најреволтирани од одлуката се пензионерите, кои одвај со својата пензија врзуваат крај со крај. Велат за да можат да ги купат потребните лекови секој месец мора да го намалат буџетот за исхрана.
„Лоша работа е тоа, затоа што владее беспарица и најмногу ќе бидат погодени пензионерите.“
„Не чини тоа, затоа што со лекови живеам, ако немам лекови неможам да живеам.“
Од Здружението за остеопорза веќе подолго време се бореа нивните пациенти да добијат бесплатни лекови. После толку ветувања мислевме дека конечно успеваме. Не може Фондот сега да се предомислува, кога е во прашање здравјето на еден човек вели Елена Стојковска од здружението.
„Јас во овој момент сум бесна, како тие замислуваат да си играат со здравјето на луѓето. Луѓето се понадеваа, се израдуваа на некој начин, бидејќи тоа се претежно стари луѓе, кој има, кој нема пензија.“
Ваквите одлуки и игри на Владата само им штетат на пациентите и на нивното здравје вели поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец.
„Дефинитиво крајно неозбилен приод кон овие работи и играње со чувствата и потребите на пациентите. Тоа е во склоп на популистичката политика на владата, дека дава нешто, дека прави нешто итн. Меѓутоа сето тоа е само голема шега, а на штета за жал на здравјето на пациентите.“
Листата на бесплатни лекови пред да биде повлечена, последен пат беше дополнета пред две и пол годин, иако според законот таа треба да се обновува на секои шест месеци.
Лоша работа е тоа, затоа што владее беспарица и најмногу ќе бидат погодени пензионерите
„Лоша работа е тоа, затоа што владее беспарица и најмногу ќе бидат погодени пензионерите.“
„Не чини тоа, затоа што со лекови живеам, ако немам лекови неможам да живеам.“
Од Здружението за остеопорза веќе подолго време се бореа нивните пациенти да добијат бесплатни лекови. После толку ветувања мислевме дека конечно успеваме. Не може Фондот сега да се предомислува, кога е во прашање здравјето на еден човек вели Елена Стојковска од здружението.
„Јас во овој момент сум бесна, како тие замислуваат да си играат со здравјето на луѓето. Луѓето се понадеваа, се израдуваа на некој начин, бидејќи тоа се претежно стари луѓе, кој има, кој нема пензија.“
Јас во овој момент сум бесна, како тие замислуваат да си играат со здравјето на луѓето. Луѓето се понадеваа, се израдуваа на некој начин