Достапни линкови

Собранието брза со законите за ЕУ


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Собранието брза за да ги донесе законите потребни за позитивен извештај од Европската Комисија. Вчера беше донесен Законот за Собрание, а од вкупно четирите, останува да биде донесен уште еден. Експертите предупредуваат дека брзото донесување на законите може да има контраефект.

Законот за државни службеници деновиве ќе влезе во собраниска процедура и според најавите на Парламентот треба да се донесе до почетокот на септември. Ова е последниот закон кој според препораката на еврокомесарот Оли Рен е од четирите закони кои се од суштинско значење за позитивен извештај од Евопската Комисија.Пред летните одмори на пратениците, законите за финансирање на политичките партии и внатрешни работи беа донесени. Вчера на првата собраниска седница е изгласан и законот за Собрание.Мисијата на ЕУ во Скопје го поздравува носењето на овој закон. Од таму велат дека е важно што законот обезбеди широка подршка онолку колку што е можно. За пратениците од Нова демократија Бандетеровиот начин на носење на закон е злоупотребен и Законот е противуставен. Избегнато е спроведувањето на Рамковниот договор со тоа што нема член кој ја уредува употребата на
Во овој временски теснец во кој се наоѓаат, во приоритетните листи да ги стават евроинтеграциите, а не партиските и личните рејтинзи
албанскиот јазик во Собранието..

„Европската Комисија бара ние да се усогласуваме, а не да се надмудруваме. Надмудрувањето, односно покажувањето на моќ во Парламентот, дека ние имаме повеќе пратеници, е многу лесно читливо, и секогаш мнозинството може да ја надгласа опозицијата и тоа не е тоа што се бара од Макеоднија.“

Вели претседателот на Нова Демократија Имер Селмани.
Експертите велат дека брзото донесување на закони без консензус ќе се нанесе штета на Македонија во евроинтеграциите.

„Во овој временски теснец во кој се наоѓаат, во приоритетните листи да ги стават евроинтеграциите, а не партиските и личните рејтинзи, и ако така се однесуваат има можност во ова кратко време до завршувањето на извештајот, малку и да се поправи ситуацијата. Ако продолжат со декларативните ставови, за компромис, за дијалог, а практично тоа не го покажуваат, јас мислам дека само штета ќе направат, а нема да ја постигнат целта.“
Во Македонија има одредено ниво на демократија, ама цело време нашата демократија е кршлива, влегува од криза, во криза. Еден од основните проблеми е толеранцијата во Македонија и нивото на свест за проблемите


Вели политикологот Алберт Муслиу.
Вчерашното напуштање на Собранието од ДПА, игнорирањето на амандманите на опозицијата, укажува на кршливоста на демократијата во Македонија велат експертите:

„За жал во Македонија постојано имаме криза на демократијата. Во Македонија има одредено ниво на демократија, ама цело време нашата демократија е кршлива, влегува од криза, во криза. Еден од основните проблеми е толеранцијата во Македонија и нивото на свест за проблемите.“

Вели политикологот Здравко Савески.
За политиоколозите во Македонија политичка криза ќе настане во моментот кога ќе се радикализираат ставовите на опозицијата по примерот на ДПА. Неопходно е политичките партии да покажат компромис, но не преку бројки во Собранието туку конструктуивен.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG