Достапни линкови

Дневен печат – Скандали го одбележаа мечот со Шпанија


Речиси сите медиуми, детално се занимаваа со проблемот на неодбележаните билети за мечот со шпанската фудбалска репрезентација. Физичката пресметка меѓу Седлоски и Попов, исто така беше привлечна тема за сите домашни медиуми.

Топ тема во сите медиуми, и електронски и пишани, во изминативе денови, беше скандалот, како што го нарекоа, со влезниците за пријателскиот фудбалски меч на македонската со шпанската репрезентација. Значи, сите медиуми, со некои исклучоци, со критички ноти спрема организаторот на мечот, Фудбалската федерација на Македонија, но и спрема Владата, детално се занимаваа со проблемот на неодбележаните билети, според нив, во голем број поделени на партиски и на луѓе од државните и владините органи, агенции, служби и ткн. Проблемот со замената на веќе продадените и поделени билети исто така беше топ тема во медиумите, кои неколку дена ги почнуваа вестите и насловните страници со информациите и снимките од невидените турканици пред стадионот во Скопје на 40 ст.Целзиусови. Сите медиуми, со исклучок, за волја на вистината, на телевизија ,,Сител,, и на весникот ,,Нова Македонија,, и забележааа на полицијата за неорганизираноста, чии што припадници, дури по неколку часови следење отстрана на турканицата пред поранешниот ,,градски,, се соземаа, како што пишува ,,Време,, и почнаа да ставаат ред. Овој дневен весник се занимава и со прашањето дали премиерот Груевски воопшто и ќе биде присутен на мечот, бидејќи постоеле комбинации тој да одржи и говор во чест на 100-годишнината од македонскиот фудбал и новата северна трибина која се изгради со помош на буџетски пари што Владата ги одвои за таа цел, а којашто премиерот ја претставува како исполнување на предизборните ветувања. ,,Време,, пишува дека првиот советник на премиерот, Протуѓер сметал дека Груевски треба да се појави во Арената Филип Втори, додека стручњаците од МВР, по барање на премиерот да направат проценка, предупредиле дека ќе бидат неизбежни извикувања и свирежи ако Груевски излезе и одржи говор, пред се, поради неколкуте немили случувања околу изградбата и со билетите. Медиумите пишуваа и за тоа дека ФФМ нема право да ги евидентира граѓаните со нивните лични податоци за време на замената на билетите и оти тоа е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци. Физичката пресметка меѓу Седлоски и Попов, исто така беше привлечна тема за сите домашни медиуми,особено за електронските со снимката на ТВ Алсат како летаат шамари на ,,градски,, на тренингот на нашите репрезентативци. Се на се, ,,најважната споредна работа на светот,, успеа да ги засени информациите на Државниот завод за ревизија дека пратениците во Собранието на Македонија годишно за надомест за гориво за своите автомобили добивале и до 18 илјади евра. Или дека трговскиот дефицит продолжува да расте. За првата половина од годинава тој порасна за милијарда и 13 милиони долари, а има тенденција за натамошен раст, пишува ,,Утрински,,. Најавата на Мендух Тачи дека од следната недела неговата ДПА ќе ја напушти работата на Парламентот и дека тој размислува да бара од Албанија да стави вето за приемот на Македонија во НАТО, поради незаокружениот статус на Алабанците во земјава, ја имаше ,,привилегијата,, медиумите да ја третираат два, наместо само еден ден, како што беше случајот со претходните две.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG