Достапни линкови

Годишнина од атомската бомба врз Хирошима


Целосна забрана на нуклеарното оружје до 2020 година.

Ова е апелот на градоначалникот на Хирошима Тадатоши Акиба по повод 64 годишнината од атомскиот напад врз овој јапонски град кога загинаа над 140 илјади луѓе.

,,Американскиот претседател Барак Обама во Прага изјави дека Соединетите држави како единствена нукеларна сила која употребила атомска бомба има морална одговорност во напорите да се постигне свет без нуклеарно оружје. Како одговор на тоа и ние сите имаме одговорност да го поддржиме Обама во таа акција.,,

Изјави градоначалникот Акиба на денешната церемонија на која учествуваа околу 50 илјади луѓе. Вториот напад со атомска бомба Соединетите држави го изведоа на 9 август 1945 година врз Нагасаки каде што загинаа 70 илјади луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG