Достапни линкови

Рецесијата ги погоди македонските печалбари


Рецесијата во западно Европските земји ја чуствуваат и македонските печалбари. Многу печалбари од Дебарскиот крај имаат се помалку работа во Италија, а најчесто без работа остануваат оние кои се вработени во градежните фирми.

Рецесијата во западно Европските земји наголемо ја чуствуваат и печалбарите од Република Македонија. Многу печалбари од Дебарскиот крај имаат се помалку работа во Италија, а најчесто без работа остануваат оние кои се вработени во градежните фирми. Во Италија од наведените три општини има над 6 000 печалбари и членови на нивните семејства, а според здруженијата на нашите печалбари кои делуваат во Италија околу 1 000 од нив сега се без работа, со тенденција бројката да се зголемува. Ѓулбин Шемши од селото Новак , општина Центар Жупа на Печалба во Италија замина 2000-та година. Во првите години според него имало доволно работа а потоа отворил и своја мала градежна фирма. Тој успешно работел, но потоа со стартот на рецесијата, неговата фирма која делува во Венеција има се помалку работа.

,,Во Италија заминав во 2000-та година и работев како градежен работник во некои фирми, потоа јас лично отворив своја фирма. Работата одеше добро и со себе ги понесов членовите на семејството бидејќи откупив и стан од 100 метри квадратни. Со отварањето
Со отварањето на градежната фирма две до три години работев многу добрo, а потоа со јавувањето на економската криза во Италија, се јавија и проблемите
на градежната фирма две до три години работев многу добрo, а потоа со јавувањето на економската криза во Италија, се јавија и проблемите.“

Според Шемши проблеми има и при исплатата на онаа што е обработено но и се намалува и обемот на работа. ,

,,По добивањето на работата од архитектите, или инжинерите, ние истата ја реализираме но притоа се јавува проблемот со исплатата на парите. Ние трошеме градежни материјали и работна сила, но потоа тешко се исплатува обработеното“

вели печалбарот Шемши. Исто така од ден на ден многу се намалува обемот на работа во сферата на градежноштвото. Фирмата на Шемши делува во Венеција И според неговите пријатели печалбари кои имаат фирми, 80 отсто од фирмите во сферата на градежништвото имаат проблеми со работата.

Во областа Венето во Италија каде што претежно работат печалбарите од Дебар, Жупа и Река делуваат три здруженија на нашите печалбари и истите ја делат оценката дека поради економската криза во Италија се зголемува бројот на печалбарите кои ќе останат без работа, така што ќе има рапидно намалување на бројот на печалбари. Во месец август според наведените здруженија се очекува над 700 членови на семејствата на печалбарите да се вратат во родниот крај бнидејќи сега со семејства тешко се опстанува.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG