Достапни линкови

Неделен печат – „Техничка грешка во случајот со Арнаудов“


Скопје
Скопје

Случајот со помилувањето на Ламбе Арнаудов, е главна тема во печатот. Весниците ,,носат“ теми и за рецесијата во Македонија.

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, по повод 2август, го помилува, поточно му ја скуси казната затвор за 10 месеци на Ламбе Арнаудов, поранешен генерален директор на ЕСМ. Уште не се стивнаа реакциите во јавноста, во средата сите медиуми како прва вест го објавија соопштението од Кабинетот на претседателот на државата во кое се вели дека одлуката за помилувањето било техничка грешка! Пред тоа, портпаролите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во средата излегоа на мегдан со препукувања: медиумите ги пренесоа- прашањето на СДСМ- дали помилувањето е по нарачка на премиерот, и одговорот на ДПМНЕ дека таква одлука немало и оти главен
Уште не се стивнаа реакциите во јавноста, во средата сите медиуми како прва вест го објавија соопштението од Кабинетот на претседателот на државата во кое се вели дека одлуката за помилувањето на Арнаудов било техничка грешка
помилувач бил Црвенковски, алудирајќи на аболицијата на Заев. А1ТВ во средата огласи дека еднаш објавената одлука во ,,Службен весник,, е важечка, па Арнаудов може и да го тужи претседателот на државата за пишманот.
Економијата во Македонија во рецесија! Медиумите ги објавуваат податоците од Статистика дека и во јуни нашата економија бележи вртоглаво паѓање на индустриското производство. ,,Утрински,, и ,,Дневник,, ја објавуваат изјавата на новиот министер за финансии Зоран Ставревски дека има индиции и вториот квартал македонската економија да го заврши со негативна стапка на раст, што ги наведе овие печатени медиуми да коментираат дека тоа е неофицијално признавање дека и македонската економија влезе во рецесија. Во истовреме,тие потсетуваат на неодамнешните изјави на истиот Ставревски дека нашата економија забележува некакво си слабо опоравување и дека во Македонија нема да има рецесија.
Кај нас се прават договори за да може да не се почитуваат! Вака медиумите го коментираа приклучувањето на ДУИ кон барањето на Нова демократија на Селмани во Законот за Собрание да се регулира и употребата на албанскиот јазик. Ова се случува по лидерската средба, кога истиве лидери на партии, освен Тачи, се заколнаа на конструктивност, за Македонија да може да ја одработи евроагендата до 15 септември. Со ова повторно се комплицира донесувањето на еден од законите што ЕУ ги постави како услов земјава наесен да добие позитивен извештај и препорака за почеток на
Медиумите ги објавуваат податоците од Статистика дека и во јуни економијата бележи вртоглаво паѓање
преговори за членство, констатираат медуиумите. Тие информираат и дека ДПА во вторникот се закани оти ќе го напушти Собранието доколку не се донесе закон за употреба на албанскиот јазик- на териоторијата на цела држава. Коментарите на А1ТВ и ,,Дневник,, се: кога некоја албанска партија ќе се осети маргинализирана, таа се радикализира.
,,Не не интересира пошироката политичка слика. Испорачајте ни резултати, ние ќе ви дадеме датум,, е директната порака на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација деновиве во Брисел до Милошоски и Наумов со претседавачот на Унијата, шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, јавуваат дописниците на ,,Утрински,, и на ,,Дневник,, од главниот европски град.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG