НАТО интеграциите за Македонија се во втор план, или тоа е само навудум - експертите се со различни ставови по ова прашање. Владата тактизира со НАТО интеграцијата затоа што тоа значи итно решавање на спорот со името, а токму тоа во моментов ќе и донесе понизок рејтинг на власта- смета поранешниот амбасадор во Нато, Нано Ружин.
„Владата мислам дека сега избегнува толку многу да зборува за Алијансата, бидејќи со самиот чин на решавањето на ова прашање може да се добие моментално покана за членство. Се има чувство дека владата повеќе бара да добие во време.“
Професорот Стојан Кузев се согласува дека во јавноста се остава впечаток дека приближувањето на Македонија кон НАТО е малку подзапоставено и дека исполнувањето на критериумите на Европската Унија имаат приоритет.
„Навидум е така, затоа што во однос на членството на Република Македонија во НАТО работите се искристализирани. Работите се доведени до определено ниво, што значи исполнување на критериумите на Република Македонија за зачленување во НАТО и единствената пречка, спорот наметнат со името со нашиот јужен сосед, се гледа како единствена пречка за остварување на оваа наша стратегиска цел.“
За професорот Назми Малиќи моменталното расположение кај јавноста за НАТО интеграциите нема да го спречи и намали процесот на интегрирање. Малиќи предупреди дека НАТО од нас бара да одржиме континуитет на критериумите кои се веќе исполнети.
„Имајќи предвид дека приближување на Македонија кон ЕУ следи после напредокот што ние како држава ќе го имаме со НАТО, секако дека тој континуитет треба да се сочува.“
Од министерството за надворешни работи велат дека амбасодорите на НАТО се задоволни од напредокот и постигнатите резултати во областа на одбраната и останатите сегменти од општествено политичкото живеење во Македонија.
„Како особено позитивен беше оценет нашиот ангажман во мировните операции во НАТО, особено засислувањето на контингентот на македонски војници во мисијата во Авганистан, регионалната соработка, успешно спроведените избори, справувањето со организираниот криминал и корупцијата, процесот на децентрализација и имплементацијата на Охридскиот договор,“
вели потпаролот на министерството за надворешни работи Петар Чулев.
Инаку неодамна медиумите од Брисел јавија дека се можни и нови критериуми кои Македонија ќе треба да ги исполни ако набрзо не го реши проблемот со името.
Владата мислам дека сега избегнува толку многу да зборува за Алијансата, бидејќи со самиот чин на решавањето на ова прашање може да се добие моментално покана за членство. Се има чувство дека владата повеќе бара да добие во време

Имајќи предвид дека приближување на Македонија кон ЕУ следи после напредокот што ние како држава ќе го имаме со НАТО, секако дека тој континуитет треба да се сочува