Достапни линкови

Односите САД, Кина ќе го обликуваат овој век


Соединетите држави и Кина ги продолжуваат дводневните разговори на високо ниво за соработката во справувањето со глобалната економска криза, нуклеарното вооружување, тероризмот.

Во изминатите осум години, за време на претседателот Џорџ Буш, односите меѓу Кина и Соединетите држави беа фокусирани врз економските прашања. Додека Буш ја карактеризираше Кина како економски конкурент, неговата администрација се жалеше дека Пекинг нереално ја намалува вредноста на кинеската валута, јуанот, што им дава предност на кинеските пред американските производи на светскиот пазар. Во говорот на отворањето на разговорите, претседателот Барак Обама го презентираше неговиот поглед на трговските врски меѓу двете земји, забележувајќи дека тие имаат големо влијание врз светската економија.

,,Односите меѓу Соединетите држави и Кина ќе го уобличат 21 век, затоа тие се важни како и секои билатерни односи во светот. Тоа навистина мора да биде основа на нашето партнерство.,,

Изјави Обама, додавајќи дека Соединетите држави и Кина треба да работат за неутрализирање на тероризмот и за спречување на можноста групите како Ал Каида да дојдат до нуклеарно оружје.

,,Со зацврстување на врските меѓу нашите армии можеме да ги отстраниме причините за спорење и да најдеме рамка за соработка. Со размена на разузнавачки информации можеме да се справиме со терористите, а со рано предупредување да ги спречиме епидемиите.,,
Поотворена и подинамична кинеска економија ќе отвори можности за сите земји во светот, вклучувајќи ги и Соединетите држави ...

Рече претседателот Обама во почетокот на американско кинескиот дијалог кој, предводен од државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за финасии Тимоти Гајтнер, како и од вицепремиерот Ванг Џишен и државниот советник Даи Бингуо, главно е посветен на економската соработка меѓу двете земји.

,,Нашите средби доаѓаат во критичен момент кога Кина и Соединетите држави како водечки земји во глобалната економија имаат можност и одговорност да дејствуваат не само во полза на нивните граѓани, туку и на целиот свет.,,

Изјави секретарот Гајтнер. Тоа, пак, според кинескиот вицепремиер Ванг е можно доколку продолжи развојот на кинеската економија.

,,Поотворена и подинамична кинеска економија ќе отвори можности за сите земји во светот, вклучувајќи ги и Соединетите држави.,,

Сепак и Ванг и Клинтон изразија увереност дека Пекинг и Вашингтон ќе работат напорно во изградбата на цврсти односи за многу прашања и покрај големите културни и социјални разлики меѓу двете земји.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG