Достапни линкови

Лидерска средба


Лидерите на последната средба одржана во март
Лидерите на последната средба одржана во март

Попладнево ќе се оддржи средба на лидерите на најголемите партии на покана на премиерот Никола Груевски. Името, реформите и останати суштински прашања се очекува да бидат тема на разговорите.

Претседателите на СДСМ, на ДУИ и на Нова Демократија ја прифатија поканата на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за лидерска средба која ќе започне денеска во 15 часот. На средбата е поканет и лидерот на ДПА Мендух Тачи, но за разлика од другите лидери тој сеуште не го потврдил учеството. Како што соопштуваат од кабинетот на премиерот, средбата ќе биде посветена на усогласувањето на ставовите и изнаоѓање на политички консензус за реформите и останатите суштински прашања кои што се од
Дилемата и кај нас и во јавноста за вистинската посветеност на владата за ова стратешка цел, е отворена
значење за ЕУ и НАТО перспективите на Македонија. Од другите партии велат дека треба да се разговара и за други битни прашања. Опозицијата побара лидерска средба на која ќе се разговара за предлозите за решавање на спорот за името, веднаш по посетата на медијаторот Метју Нимиц. Од СДСМ велат дека приоритет им се евроинтеграциите:

,,Меѓутоа соочени со фактот дека ние веќе четврта година сме надвор од добивање датум за преговори со ЕУ, дилемата и кај нас и во јавноста за вистинската посветеност на владата за ова стратешка цел, е отворена.“

Вели Андреј Петров од СДСМ. Спрмени сме да разговараме за се што ќе се појави како тема на разговор, велат од ДУИ:
Се што е во корист на добивање на позитивен извештај во октомври. Уште помалку од два месеци останаа до 15-ти септември


,,Се што е во корист на добивање на позитивен извештај во октомври. Уште помалку од два месеци останаа до 15-ти септември. Оли Рен вчера беше јасен се што ќе се сработи до 15-ти септември да, а друго не се зема предвид.“

Вели Џевад Адеми од ДУИ. Учество на лидерската средба потврдија и од партијата на Имер Селмани, Нова Демократија. Селмани за прв пат ќе учествува на лидерска средба. Од таму велат дека своите ставови за битните теми ќе ги соопштат по средбата. Од ДПА пред една недела изјавија дека отсега ќе ги бојкотираат сите наредни лидерски средби, а како причина наведоа дека на нив се разговарало за се и сешто, но не и за битните теми за албанците.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG