Достапни линкови

Рен - Реални шанси за датум за преговори


Еврокомесарот Оли Рен и премиерот Никола Груевски
Еврокомесарот Оли Рен и премиерот Никола Груевски

Еврокомесарот Оли Рен порача дека има реални шанси за добивање на датум за преговори за полноправно членство во ЕУ, но тоа зависи од резулатите што ќе ги постигне Македонија.

Добивањето на датум за претпристапни преговори за полноправно членство во ЕУ, во октомври, зависи само од испорачаните резултати. Ние нема да ги промениме условите, ќе добиете услови за „фер-плеј“, порача Еврокомесарот за проширување Оли Рен, на пресконференција, по средбата со премиерот Никола Груевски во македонската влада.
Има реални шанси да се исполнат одредниците и да се добие датум за преговори, но тоа зависи од испорачаните резултати во наредните два месеци


„Има реални шанси да се исполнат одредниците и да се добие датум за преговори, но тоа зависи од испорачаните резултати во наредните два месеци.“

оцени еврокомесарот Рен.
Тој рече дека е импресиониран од брзината и од квалитетот на реформите спроведени за добивање визната либерализација.

,,Истата политичка волја може да ве одведе до исполнување на бенчмарковите, потребни за добивање датум за преговори. Листата на преостанати задачи е позната веќе извесно време. Имате два месеци да ја комплетирате листата. Треба да бидат донесени неколку клучни закони – Законот за Собрание, да се усвојат промени во законот за јавна администрација и да се промени Законот за
Според гледна точка на Европската комисија, можниот почеток на претпристапните преговори не зависи од прашањето за името, тоа е билатерално прашање. Но, сите знаеме дека за да почнат преговорите, потребна е согласност на сите 27 членки на ЕУ
финансирање на политичките партии.“

рече Оли Рен.
Тој додаде дека ЕУ ги поздравува обновените ангажмани на медијаторот на ОН Метју Нимиц за постигнување решение за спорот за името. Сега е важно да се искористи напредокот во разговорите со посредство на ОН и Метју Нимиц, и да се постигне решение, рече Оли Рен.

„Според гледна точка на Европската комисија, можниот почеток на претпристапните преговори не зависи од прашањето за името, тоа е билатерално прашање. Но, сите знаеме дека за да почнат преговорите, потребна е согласност на сите 27 членки на ЕУ.“

Премиерот Груевски рече дека Македонија останува посветена на барањето начин за решевање на проблемот за името со Грција. Груевски рече дека Владата, и во наредниот период, ќе биде фокусирана на исполнувањето на сите критериуми зацртани во одредниците од Европската унија.

,,Добивањето на веста, на препораката за визната либерализација секако дека тоа мотивирачки влијае на сите институции за забрзување на преостанатите потребни реформи со цел доаѓање позитивен извештај и почеток на преговори за полноправно членство.“

Еврокомесарот Рен попладнево се сретна со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со членовите на Националниот совет за евроинтеграции. Претходно тој се сретна и со Претседателот Ѓорге Иванов.
Посетата на Рен на Македонија е дел од неговата турнеја по земјите од Западен Балкан. Тој вчера ги посети Подгорица и Белград, а од Скопје заминува за Сараево.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG