Достапни линкови

Државниот врв и натаму молчи за предлогот на Нимиц


Медијаторот Метју Нимиц
Медијаторот Метју Нимиц

Државниот врв сеуште без информации за измените во октомврискиот предлог на Нимиц. Во меѓувреме, аналитичарот Сем Ванкин реагира на изјавата на професорот Денко Малески за Радио Слободна Европа

Државниот врв, се уште, не кажува во што се состојат измените во октомврискиот прелог за решение на спорот за името со Грција, што пред десетина дена ги предложил посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц.
Никаде не реков дека прашањето за името ќе биде решено. Никаде не реков дека тоа прашање е завршено и решено како што вели Денко Малевски


При неодамнешната посета на Нимиц на земјава, тој изрази умерен оптимизам дека спорот може да се реши и рече дека ја замолил владата да го разгледа целиот пакет, со измените. Тој тогаш не одговори во што се состојат измените, зашто, како што рече, на јавноста, не и го соопштил ниту предлогот.

Професорот Денко Малески
Единствено претседателот Ѓорге Иванов, пред неколку дена во Хрватска изјави дека преговарачот доставил сет-предлози кои не се однесуваат само на името. Тие ќе бидат проучени и од македонска и од грчка страна, и се очекува до крајот на август, да му се обратиме на Нимиц со наши предлози, рече Иванов во Хрватска.

Аналитичарот Сем Вакнин, непосредно пред доаѓањето на Нимиц во Скопје, повикувајќи се на сигурни извори во Стејт департментот, изјави дека Грција ќе се обиде да ја зацврсти преговарачката позиција во спорот за името и да го намали се поголемиот притисок од страна на САД за брзо решавање на спорот, со економски пакет вреден околу половина милијарда евра.
Ако некој погрешил еднаш, зошто му се дава шанса на овој начин да ја вознемирува јавноста и втор пат?

Во август минатата година, Вакнин го објави планот за решение за името, што според него, се потврди како точен, со октомврискиот предлог на Нимиц.

Вакнин реагира, на како што вели, погрешното толкување на неговиот текст од страна на поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, кој се сомнева во наводите на Вакнин.

„Никаде не реков дека прашањето за името ќе биде решено. Никаде не реков дека тоа прашање е завршено и решено како што вели Денко Малески. Никаде не го реков тоа. Реков дека ќе има предлог што ќе и се претстави на Македонија. Суштината на мојот текст се однесува на содржината на предлогот. Не на тоа како предлогот ќе биде доставен или каде ќе биде усвоен, туку на содржината на предлогот. Сите пет точки наведени во мојот текст, постојат во октомврискиот предлог на Нимиц,“

вели Вакнин.

Малевски, претходно, во изјава за Радио Слободна Европа се посомнева во точноста на наводите за економскиот пакет од поливина милијарда евра, кој го објави Вакнин. Зошто никој не го праша Вакнин што е со неговото предвидување, од пред една година, дека спорот е готов и дека има решение во ОН, праша тој.

„Ако некој погрешил еднаш, зошто му се дава шанса на овој начин да ја вознемирува јавноста и втор пат? Бидејќи, начинот на којшто тој тоа го соопшти е начин на кој јавноста се крева на бунт и вели нема никој да не купи.“

За сега, единствено извесно е дека евентуалното решение на спорот ќе оди на референдум - идеја зад која застана целиот државен врв.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG