Достапни линкови

Догодина без визи во Европа


Комесарот за проширување Оли Рен и Комесарот за внатрешни прашања Жак Баро на прес конференција ја објавуваат препораката на ЕК за укинување на визите на Македонија, Србија и Црна Гора
Комесарот за проширување Оли Рен и Комесарот за внатрешни прашања Жак Баро на прес конференција ја објавуваат препораката на ЕК за укинување на визите на Македонија, Србија и Црна Гора

Според познавачите на европските процедури укинувањето на визите за македонските граѓани во пракса може најрано да се случи на почетокот од идната година. Со денешната препорака на ЕК за укинување на визите започнува законодавната процедура

Укинувањето на визите за македонските граѓани за патување во земјите членки на Европската унија, може најрано да се добие на почетокот на наредната година, велат познавачите на европските процедури. Со препораката за укинување на визите, официјално
Откако ЕК ќе го достави предлогот до Советот на министри, Советот го испраќа предлогот до Европскиот Парламент. Процесуирањето на предлогот се одвива паралелно во Советот на ЕУ и во ЕП. Во рамките на “консултативната процедура“, ЕП мора да донесе мислење по предлогот на ЕК, пред Советот да може формално да го стави предлогот на гласање
започнува законодавната процедура за укинување на визите, вели портпаролот на Министерството за надворешни работи Петар Чулев.

„Откако ЕК ќе го достави предлогот до Советот на министри, Советот го испраќа предлогот до Европскиот Парламент. Процесуирањето на предлогот се одвива паралелно во Советот на ЕУ и во ЕП. Во рамките на “консултативната процедура“, ЕП мора да донесе мислење по предлогот на ЕК, пред Советот да може формално да го стави предлогот на гласање.“

Според процедурата, по донесувањето на мислењето на Парламентот, предлогот за укинување на визите се поднесува на усвојување до Советот на министри, кој се состанува на два месеци. Последниот состанок на Советот на министри, за време на шведското претседателство, треба да се одржи на 30 ноември годинава.
Конечната одлука за визна либерализација треба да ја донесе Советот на министри со двотретинско мнозинство од земјите членки на Унијата.
Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека, покрај тоа, одлуката треба да ја подржат и барем три од четирите големи земји членки на Унијата – Германија, Франција, Велика Британија и Италија.

„Отктако тие ќе го усвојат тоа, станува закон, визна либерализација, која оди според правилата. Прво, се вклучуваат мрежите, значи доаѓа до вклучување на граничните компјутери на државата која се приклучува со визна либерализација кој Шенгенската група, за да се провери на кој начин таа на своите граници ги спречува непожелните и за да може земјите членки на чијашто територија ќе се најде граѓанин кој го пречекорил дозволеното време од 90 дена на престој, да можат да знаат од каде е и да го вратат.“

Чашуле вели дека процедурата за укинување на визите ќе ги окупира Европската комисија и Советот на министри до крајот на годинава.

„Зависи од перформансите, на пример, на Македонија, Србија и Црна Гора.“

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, при вчерашната посета на Македонија не одговори како ќе се спроведе визната либерализација, со оглед на тоа дека Грција не ги признава македонските пасоши. Кога процесот за визната либерализација ќе биде одобрен, а тоа ќе биде во наредните неколку денови, членот на комисијата Оли Рен ќе дојде тука за да разговара за деталите, рече вчера Солана.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG