Достапни линкови

Солана во Македонија


Хавиер Солана
Хавиер Солана

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска во Македонија на средби со државниот врв и партиските лидери. Експертите очекуваат во фокусот на разговорите да бидат осумте одредници на ЕУ за Македонија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, денеска, доаѓа во посета на Македонија. Според најавите, Солана, претпладнево, се среќава со премиерот Никола Груевски, по што е најавена заедничка прес-конференција. Средбите со претседателот на ДУИ Али Ахмети и со лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, се предвидени за попладне.
Мислам дека би биле покриени повеќе теми, не само за визната либерализација. Мислам дека тоа ќе биде само споредно прашање, поради тоа што нема што да се дискутира многу на таа тема. Мислам дека повеќе фокусот ќе биде ставен на Македонија, и осумте одредници, што и како ќе се сработи овие три месеци пред извештајот за напредокот на Македонија од ЕК


Патувањето треба да обезбеди можност, да се разговара за новиот локален развој, како и за регионални прашања и за односите со Европската унија, се вели во највата на балканската турнеја на Солана. Солана, најпрвин како генерален секретар на НАТО, а потоа и како висок функционер на Европската Унијата, долго време е присутен на Балканот. Пред да дојде на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија.
Посетата на Хавиер Солана на регионот, почна вчера, со посетата на Белград. По средбата со српскиот шеф на
Хавиер Солана и премиерот Никола Груевски
дипломатијата Вук Јеремиќ, високиот претставник на Унијата соопшти дека за неколку дена, српските граѓани може да очекуваат добри вести за либерализацијата на визниот режим.

Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики вели дека визната либерализација за регионот, а особено за Македонија е очекувана.

„Мислам дека би биле покриени повеќе теми, не само за визната либерализација. Мислам дека тоа ќе биде само споредно прашање, поради тоа што нема што да се дискутира многу на таа тема. Мислам дека повеќе фокусот ќе биде ставен на Македонија, и осумте одредници, што и како ќе се сработи овие три месеци пред извештајот за напредокот на Македонија од ЕК. Пред се, фокусот би бил на тие разговори претпоставувам.“

Хавиер Солана со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски
Иако, вели Костовска, со Солана би можело да се разговара и на други теми за политичката ситуација во регионот. Од Скопје, Солана заминува во Приштина, каде што е најавено дека ќе се сретне со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, со премиерот Хашим Тачи, како и со челниците на Еулекс.

Балканската турнеја, Солана ја завршува со посета на Црна Гора, во среда. Ова веројатно е проштална турнеја на Солана на таа функција, зашто наесен тој го напушта местото Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, пишуваат деновиве балканските медиуми.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG