Достапни линкови

Фотографии на кутиите ќе покажуваат колку се штетни цигарите


Од септември, секоја кутија цигари, освен предупредувањето за штетноста на пушењето ќе има и фотографии со оштетени делови од телото на пушачите. Непушачите ја поздравуваат мерката, додека пушачите велат дека тоа нема да ги натера да се откажат

Од септември секоја кутија цигари освен предупредувањето за штетноста на цигарите по здравјето на луѓето ќе има и фотографии со оштетени делови од телото на пушачите, според новиот правилник за употреба на тутун на Министерството за здравство. Тие сметаат
Идејата е да се запознаат луѓето со штетните ефекти по здравјето. Заболувањата на централниот нервен систем, срцето, појавата на карцином, нарушување на циркулацијата, вклучувајќи и гангрена. Крајната цел е да се спречи појавата на нови случаи особено кај младите луѓе
дека визуелната порака ќе има ефект, кај оние што не ги знаат доволно последиците и кај оние што не обрнуваат внимание на опасностите, кои ги предизвикува пушењето. Непушачите ја поздравуваат оваа акција.

„Тоа е добра превентива.“
„Не пушам, така што исто ми е. Можеби нешто би вредело.“

Но пушачите велат дека сликите на кутиите цигари нема да ги натераат да се откажат од оваа навика.

„Не, нема да влијаат на мене, исто како што не влијаеа пораките што беа напишани.“
„Мене тоа не ме плаши, сум ги видела и во други земји како изгледаат.“

Од Светската здравствена организација препорачуваат и слики кои го прикажуваат крајниот ефект од цигарите. Тоа е потребно за да се спречат новите случаи вели Моме Спасовски од СЗО.

„Идејата е да се запознаат луѓето со штетните ефекти по здравјето. Заболувањата на централниот нервен систем, срцето, појавата на карцином, нарушување на циркулацијата, вклучувајќи и гангрена. Крајната цел е да се спречи појавата на нови случаи особено кај младите луѓе.“

Невропсихијатарот Павлина Васкова вели дека оваа акција ќе има ефект, само кај некои луѓе. Треба да има повеќе предавања на оваа тема особено во училиштата, бидејќи младите се потенцијалните пушачи вели таа:

„Веројатно и ќе има некој ефект. Е сега, колку и како треба подолго време да помине. Треба да се направат и превентивни активности, да се оди, да се зборува, не е само да се стави нешто на цигарите.“

Според податоците на Министерството во нашава земја околу осум отсто од пушачите се помлади од петнаесет години, а дваесет проценти започнале да пушат пред својата десета година. Правилник за употреба на тутунот се употребува и во земјите од ЕУ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG