Достапни линкови

Реакции на посетата на Метју Нимиц


ШЕфот на дипломатијата Антонио Милошоски со посредникот Метју Нимиц
ШЕфот на дипломатијата Антонио Милошоски со посредникот Метју Нимиц

За ВМРО-ДПМНЕ, во овој момент, е најзначајна оценката на посредникот Метју Нимиц дека Македонија е конструктивна. СДСМ, пак, вели дека има јасен став по однос на прашањето за името и го повикува премиерот Никола Груевски да ја подготви јавноста за компромис.

Изјавата на посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц дека Македонија покажала конструктивност, е најзначајна во овој момент, велат во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека, се уште, е рано за
Македонија конструктивно игра во овој процес што е многу битно за Република Македонија, тоа е најзначаен момент, прерано е да се даваат било какви оценки
коментирање на детали.

,,Позитивна му беше изјавата, ама ако можеме да цениме од тоа што го чувме како изјава. Кажа дека Македонија е конструктивна, значи Македонија конструктивно игра во овој процес што е многу битно за Република Македонија, тоа е најзначаен момент, прерано е да се даваат било какви оценки."

На прес-конференција, по завршувањето на средбата со премиерот Никола Груевски, посредникот Нимиц оцени дека средбите со државниот врв биле многу продуктивни. Тој соопшти дека предложил одредени измени на последниот предлог за името, од октомври минатата година, и очекува владата сериозно да ги разгледа. Наидов на конструктивен приод од овдешната Влада и се надевам дека ќе имам слична дискусија и во Грција, рече Нимиц.

,,Овие средби беа многу продуктивни. Имам чуство, сега повеќе отколку во минатото, дека се случува доволно за да мислиме дека можеби можеме да имаме некаков вид на решение. Имам добар впечаток од овдешните состаноци."
За нас е прифатлива географска одредница за името како замена за ФИРОМ, притоа, добивајќи гаранција за нашето уставно име, не чепкајќи по пасошот, идентитетот, јазикот, културата и нашата национална посебност

Во опозицискиот Социјалдемократски сојуз, велат дека нивниот став во однос на името е јасен, познат и непроменет. Конечно е дојдено времето, премиерот Никола Груевски да го соопшти неговиот став по однос на ова прашање и да ја подготви јавноста за компромис, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Заев.

,,За нас е прифатлива географска одредница за името како замена за ФИРОМ, притоа, добивајќи гаранција за нашето уставно име, не чепкајќи по пасошот, идентитетот, јазикот, културата и нашата национална посебност."

Посредникот Нимиц посочи дека, пред се, се раговара за името на државата.

,,Постојат одредени прашања за референците во англискиот јазик и за англиската транскрипција. Мислам дека луѓето треба да бидат спокојни во врска со тоа дека се работи само за името, а не за идентитетот."

Осврнувајќи се на прашањето за јазикот и за идентитетот, претседателот на НСДП Тито Петковски вели дека посредникот Нимиц, само го повторува тоа што конструктивните луѓе од Македонија го зборуваат долго време.

,,Никој тоа не смее да го спори, и да го спори не можам јас да бидам нешто друго освен што сум Македонец."

На средбата меѓу премерот Груевски и посредникот Нимиц присуствуваше и вицепремиерот Абдулаќим Адеми. Претходно, Нимиц разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов. На средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, ден претходно, присуствуваше и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG