Достапни линкови

Голем број дивоградби во Дебар


Градилиште
Градилиште
Во општина Дебар голем број од станбените објекти изградени во последните 4 декади се нелегални. Проблемот е актуелен како во селските наслеби така и градот каде што сопствениците на бесправно изградените објекти подолг период бараат нивна легализација И внесување во Урбанистичкиот План . Силната миграција село - град во седумдесетите години создаде цели населби во градот кои се градеа надвор од законот .

,,Нелегалното градење во општина Дебар е наследено од порано, но тогаш имавме опрадвдување дека општината нема доволно ингеренции во издавање дозволи за градба. Одобренијата ги даваше подрачната единица на Министерството, но согласно законот за децентрализација овие надлежности преминаа во рацете на општината. Меѓутоа, повторно се соочуваме со голем број бесправни градби. Речиси цели населби не се легализирани и граѓаните не може да добијат никаква документација за нивните објекти,"

вели раководителот на единицата за Урбанизам при локалната самоуправа во Дебар Газменд Цами.

Цами додава дека најголемиот број на нелегално изградените станбени објекти се во градските населби Коњаре и Вакоф но и во други делови на периферијата на Дебар.

,,30 до 40 отсто од станбените објекти се бесправно изградени и нефигурираат ниту во Катастерските операти како изградени објекти и сопствениците неможат да добијат поседовен лист."

Општинските структури се подготвени да извршат легализација на најголемиот број на станбени објекти , но според Цами има и законски пречки во насока на легализацијата .

,,Општината етапно врши урбанизација на територијата но се соочуваме и со недостиг на финасиски средства. Од друга страна и законот во одредени свои одредби не дава процтор за легализирање на одредени бесправни градби кај што се изготвуваат Деталните Урбанистички Планови . Така со интерес се очекува новиот Закон за Легализација во кој ќе се третира решавањето на проблемот со бесправните градби . Граѓаните ќе можат да ги пријават своите бесправни градби и во согласност со новиот закон , кој се очекува да се донесе во октомври да си ги легализираат своите градби,"

вели Цами .

Легализацијата на стамбените објекти со особен интерес ја очекуваат и сопствениците кои сега не се во можност да добијат поседовен лист за своите станбени објекти.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG