Достапни линкови

Охридското Езеро во финале за светско чудо?


Охридско Езеро
Охридско Езеро

Македонските номинации во изборот за нови седум светски чуда високо котираат во гласањето. Од македонскиот комитет за номинацијата се надеваат на пласман во финалето

Охридското Езеро особено и пештерата Врело, како Македонски номинации во изборот на новите седум светски чуда на природата се високо позиционирани со големи шанси за влез во полуфиналето, за што гласањето завршува на седми јули на полноќ. Во оваа етапа од изборот, гласовите дадени на интернет на адресата седум нови светски чуда на природата, ќе одлучат кои ќе бидат 77-те полуфиналисти,
За сите тие 28 финалисти кои ќе влезат во таа трка, ќе се формира комисија од експерти, туристички работници, тур оператори и новинари кои ќе направат една добра прошетка низ целиот свет, ќе ги посетат сите 28 номинации, ќе се снимаат репортажи и рекламни спотови, ќе се стават на билборди низ целиот свет и со многу труд, а малку пари ќе добиеме првокласна реклама
од кои независна комисија на светски експерти на 21-ви јули во Женева ќе ги избере 28-те финалисти кои ќе ја продолжат трката.

Се работи за еден долготраен процес, еден турнус на гласање кој прерасна во планетарни размери. Од очекуваните 100 милиони гласачи, дојдовме до бројка од над една милијарда гласови дадени за вкупно 261 номинација, од кои треба да се изберат 77 и независна комисија од нив ќе ги избере 28-те финалисти. Борбата е да пробаме да успееме. Јас се надевам дека Охридското Езеро, но можно е и пештерата Врело,да влезат во првите 77, а тогаш по автоматизам една од нашите номинации верувам дека ќе оди во финале. И без тоа сметам дека Охридското Езеро заслужува и по тоа што досега успеавме да го направиме се надевам доколку барем малку се објективни членовите на комисијата, дека Охридското Езеро ќе влезе во таа група финалисти од 28 номинации.

вели Зоран Тунтев од Македонскиот комитет за номинација. Охридското Езеро наметнувајќи се до ретката, прекрасна и вредна природна убавина, според досегашните гласови е на одличното шесто место.

,,За сите тие 28 финалисти кои ќе влезат во таа трка, ќе се формира комисија од експерти, туристички работници, тур оператори и новинари кои ќе направат една добра прошетка низ целиот свет, ќе ги посетат сите 28 номинации, ќе се снимаат репортажи и рекламни спотови, ќе се стават на билборди низ целиот свет и со многу труд, а малку пари ќе добиеме првокласна реклама. Тоа на крајот од приказната носи многу туризам и многу туристи."

објаснува Тунтев, кој апелира да се искористи последниот ден од гласањето во оваа етапа и да се дадат што повеќе гласови за нашите номинации. Следниот круг на гласање ќе започне на 21 јули и ќе трае до 2011-та година, кога ќе бидат избрани новите 7 светски чуда на природата. Охридското Езеро во овој избор се трка со езерата Титикака, Блед, реките Нил и Јан Це Кјанг, каде има доста повеќе население, поради што е потребна поголема анимација за гласање од наша страна, зошто евентуалниот избор на Охрид за ново светско чудо на природата би ни донесол и светска промоција.
XS
SM
MD
LG