Достапни линкови

Нови критериуми за НАТО без решение за името?


Јаап Де Хоп Схефер - генерален секретар на НАТО
Јаап Де Хоп Схефер - генерален секретар на НАТО

Постои реална опасност доколку спорот за името со Грција не се реши во скоро време, Македонија да добие нови критериуми за членството во НАТО, смета стручната јавност и опозицијата.

Постои реална опасност Македонија да добие нови критериуми за членство во НАТО, ако проблемот за името со Грција не се реши во брзо време, предупредува опозицијата и дел од академската јавност.
Ако не го решиме спорот со Грција многу брзо, ризикуваме дека може да ни се појави нешто ново, вели потпретседателот на СДСМ
Реално може да се јават и други критериуми и услови, прво некој од земјите членки на НАТО може да испорачаат некои услови, како што е на пример соседна Албанија
Зоран Заев.

,,Реално може да се јават и други критериуми и услови, прво некој од земјите членки на НАТО може да испорачаат некои услови, како што е на пример соседна Албанија, никогаш не се знае... не веруваме дека тоа ќе се случи, но сепак. И второ јас сум загрижен што секоја година ние, сме ,,паднати" во буџетот барем во овие една до две години и тоа во неопходниот дел на буџетски средства за Армијата, и не случајно може да ни биде испорачан критериум при некое наредно одлучување."

Професор Лазар Лазаров вели дека Грција успеа да се избори, од билатерален проблем да направи меѓународен, но се согласува дека одложувањето на решението може негативно да се одрази на Македонија.

,,Годинава мораме да го решиме тоа прашање, да заземеме конечен став бидејќи секое одложување може да биде на наша штета."

Македонија се залага за компромис, што ќе донесе подобра иднина и добрососедски односи, но не по цена на долгорочните национални интереси, велат во Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов. Од таму велат дека, за конечно решавање на спорот е потребна и волја од
Годинава мораме да го решиме тоа прашање, да заземеме конечен став бидејќи секое одложување може да биде на наша штета
грчка страна. Поранешниот премиер Владо Бучковски, пред околу две недели, во изјава за Радио Слободна Европа оцени дека Македонија не е во позиција да поставува услови и треба од преговорите да го извлече максимумот.

,,Сега негледам како би можеле и преговарачот и Груевски, веќе да тактизираат, едноставно се влегува во завршницата, за жал ние играме со ,,црни фигури"."
Професор Лазар Лазаров вели дека за решавање на спорот е потребна волја од грчка страна. Тој смета дека за Македонија е прифатливо компромисно име со географска одредница, но само ако меѓународниот фактор изврши притисок врз Грција да го прифати македонскиот идентитет.

,,Грчката страна мора да свати дека неможе да задира во идентитетот. Дури и кучето Шарко ако го викнеш Мурџо, тоа ќе те игнорира. Неможеме ние да го промениме нашиот иднетитет. Прашањето дали Северна или Горна Македонија, иако е делумно навреда, сепак е прифатливо, под услов во посебен член да стои, ,,македонски" што подразбира македонски јазик, култура, обичаи итн."

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, вчера во Брисел, рече дека Македонија очекува да се стигне до некое решение, кое што нема да го наруши националниот дигнитет, достоинство, идентитет на македонскиот народ и кое нема да биде во конфликт со Уставот на Република Македонија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG