Достапни линкови

Развој на руралните средини


Куманово
Куманово

Стратегија за инфраструктура во руралните средини и воопшто подобрувањето на животот и развој на овие средини во Кумановско, е императив на Европската унија. За таа цел се одредени фондови преку кои ќе бидат финансирани повеќе проекти.

Стратегијата за изградба на инфраструктурата за руралниот развој, заштита на животната средина, планското земјоделско производство и подобрување на квалитетот на животот во запуштените селски средини е императив на Европската унија. За тоа постојат и фондови од кои ќе бидат финансирани овие проекти, вели Елизабета Цветковска. Таа најавува јавна расправа во која ќе можат да учествуваат и граѓаните, покрај сегментите од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Околината на Куманово, смета Цветковска изобилува со:
Природни богатства, културно-историски споменици, национални јадења, археолошките наоѓалишта во околина на градот Куманово, прекрасните приказни од постари лица, претставува потстратегија на оваа Нацрт програма за јавната расправа


,,Природни богатства, културно-историски споменици, национални јадења како што е кумановскиот суџук, мезалкот, жолтото биено сирење, археолошките наоѓалишта во околина на градот Куманово, прекрасните приказни од постари лица, претставува потстратегија на оваа Нацрт програма за јавната расправа."

Вели Цветковска,член на работната група за презентација на програмата. Таа додава дека е неопходно да се направи дистинкција за тоа што е земјоделството,а што рурален развој.Имено, кои се надлежностите на локалната самоуправа и останатите институции на локално ниво, а каде се ингеренциите на Министерството за земјоделство.Со тоа и нацрт програмата ги опфаќа документите кои проекти ќе бидат финансирани од Европската унија,а кои од Владата на РМ за рурален развој на општините.

,,За финансирање на овие проекти постојат различни фондови, како во Владата на РМ, така и од ИФАД програмата на ЕУ, програмата на заедниците од Брисел и од локалната смаоуправа. Ова е новина за стратегијата на локалниот рурален равој."

Објаснува Цветковска.
За потребите на локалниот економски равој во Куманово, најголемата локална самоуправа во државава, ќе бидат неопходни промени во деталниот урбанистички план. Со тоа ќе бидат опфатени селата Табановце и Речица низ кои поминува Коридорот 10. Тие парцели неминовно ќе бидат урбанизирани,што за населението од овие средини ќе биде новина, што наметнува потреба и жителите од таму да ги понудат нивните предлози и идеи за подобрување на квалитетот на нивниот живот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG