Достапни линкови

Реакции на закупувачите на плажи во Охрид


Закупувачите на плажите на Охридското езеро се жалат дека се приморани да прифатат нова цена за закуп на плажите, четири пати повисока од досегашната. Тие сметаат дека со тоа се убива туризмот во Охрид

Закупувачите на плажите на Охридското Езеро на потегот кај Метропол, Лагадин и кон Пештани реагираат на новата закупна цена одредена од Државата. Тие се жалат дека за да ги продолжат договорите за закуп, без претходна информација, дознале дека мора да
Во нашите плажи кои до вчера беа најголема депонија на Охридското Езеро, направивме монденски места за уживање, и кога тоа се случи некој се дрзна во пет минути до дванаесет ни даде договор доколу не ја потпишеме цената од 160 денари за метар квадратен да се откажеме од плажите. А на плажите е вложено повеќе од два милиони евра
потпишат изјава за прифаќање на новата цена, што во просек била за 4 пати повисока од досегашната.

,,Во нашите плажи кои до вчера беа најголема депонија на Охридското Езеро, направивме монденски места за уживање, и кога тоа се случи некој се дрзна во пет минути до дванаесет ни даде договор доколу не ја потпишеме цената од 160 денари за метар квадратен да се откажеме од плажите. А на плажите е вложено повеќе од два милиони евра. Би сакал да има разборање од Министерството за транспорт и врски и ова да се среди, да не биде срам за туризмот 2009-та. Ги повикуваме сите кои се за напредок на туризмот, да не го убиваат туризмот во Охрид. Во изминативе две години, ако е нешто направено за развој на туризмот , единствено тоа е во плажарскиот туризам,зошто туризмот не се само црквите и ништо друго во Охрид”

вели Илија Џепар, закупувач на плажата "Корали".

,,Не ми е јасно од кои причини сега се подига цената, кога сеуште ние инвестираме во плажите. Значи сеуште инвестираме во плажите, а тие дополнителен притисок вршат врз нас да не можеме да продолжиме со инвестициите и да го дооформиме плажите како што треба. Многу е некоректно, сезоната е на прагот, а тие со уцени да се служат. Ние концесионерите ова го чувствуваме како уцена, затоа што јас сум вложила во плажата и треба на послужавник некому да му ја оставам”

вели Виолета Јаневска, закупувач на плажа во Лагадин. Од министерството за транспорт и врски, чија комисија на разговори ја очекуваат концесионерите на плажите во Охрид, смируваат дека новите закупнини биле одредени со измените на уредбата за цените за закуп на градежно државно земјиште, според која во првата зона на централното градско подрачје закупнината е 160 денари, надвор од централното 110 и кај населените места 50 денари за закуп на метар квадратен. Од министерството за транспорт велат дека нивната контрола покажала дека плажите во Охрид ги исполнуваат условите од безбедносен аспект за капачите.

,,На субјектите на кои им се дадени под закуп и уредување плажите и капалиштата на крајбрежјето на Охридското Езеро ги исполнуваат условите за безбедно капење на корисниците. Од страна на спасители, можам да кажам дека сите имаат потребен број на спасители, што се одредува според водената површина што е оградена во самото капалиште”

вели Љупчо Настоски, капетан на капетанијата на пристаништата во Македонија. На Охридското крајбрежје од пред две години има 20-тина плажи издадени под закуп. На Струшкиот дел сеуште нема легални закупувачи, ниту стандардизирани и безбедни плажи.

XS
SM
MD
LG