Достапни линкови

Можно ли е затегнување на меѓуетничките односи?


Според албанските партии, одолговлекувањето на влезот на Македонија во НАТО ќе има влијание врз меѓуетничките односи. Тие сметаат дека политичките елити треба што побрзо да го решат спорот.

Заинтресираноста Македонија да влезе во НАТО албанскиот политички блок не ја врзува со пoсочување датум за постигнување решение за иметото, иако доаѓа до израз залагањето дека политичките елити треба да мислат и рaботат за побрзо решавање на спорот со Грција, особено сега кога преговорите влегуваат во нова фаза по завршувањето на изборите во двете земји.
Единствена алтернатива е влезот во НАТО. Нормално, се што би било спротивно на оваа политика би било непожелно не само за меѓуетничките односи


„Јасно е дека овој проблем што поскоро треба да се реши. Сите политичари во Република Македонија се свесни дека што побрзо толку подобро.“

Проблемот не е во тоа дека одолговлекувањето на влезот на Македонија во НАТО ќе има влијание врз меѓуетничките односи туку дека стратешката определба за евро и евро атланско интегрирање на државата е од интрес за сите граѓани, вели Рафиз Алити од ДУИ. Овој став го застапуваат и останатите партии од албанскиот блок.

„Македонија нема друга алтернатива. Единствена алтернатива е влезот во НАТО. Нормално, се што би било спротивно на оваа политика би било непожелно не само за меѓуетничките односи, но и меѓучовечките и сите односи внатре во Република Македонија.“

вели Аријант Хоџа од Нова Демократија. Досега од партиите изјавуваа дека не сакаа погрешно да биде толкувана нивната улога кај Македонците во решавањето на спорот со името, но несомнено е барањето албнскиот фатор да има поактивна улога во креирањето на преговарачаката позиција за решението. Премиерот Груевски најави дека предлогот што во најмала рака би бил прифатлив за Грција ќе
Инсистирањето да се наметне дека македонскиот народ е тој што треба да се идентифицира оваа држава нема да има успех, ниту кон интеграциските процеси, ниту кон внатрешната стабилност
го даде на референдум. Во ДУИ која е еден од колициските партнери во власта засега немаат изградено став околу потребата од граѓанско изјаснување:

„Прво, треба да имаме понуда, како ќе завршат преговорите, па тогаш ќе се изгради став на партијата.“

Доколку референдумот кој треба да покаже дали предлогот е прифатлив за граѓаните не биде успешен, тоа ќе ја направи уште поголема независноста за евро атланското интегрирање. Лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи рече дека Албанците нема да гласаат за идентитет на Македонците кој потоа би се идентификувал со идентитетот на државата.

„Одењето на референдум е тотално потценување на овие граѓани. Инсистирањето да се наметне дека македонскиот народ е тој што треба да се идентифицира оваа држава нема да има успех, ниту кон интеграциските процеси, ниту кон внатрешната стабилност.“

Доколку внатре во Македонија има внатрешен консензус мегу позиција и опозиција и меѓу етничките зедници а особено меѓу Албанците и Македонците за решенито за името тогаш за нашата партија ќе биде прифатливи одржување референдум вели Аријант Хоџа, од Нова Демократија
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG