Достапни линкови

Музичките фанови во светот тагуваат за Мајкл Џексон


Фановите на Џексон пред Аполо театарот во Харлем, Њујорк
Фановите на Џексон пред Аполо театарот во Харлем, Њујорк

Мајкл Џексон, Кралот на попот, почина вчера во Лос Анџелес на 50 годишна возраст. Соопштено е дека тој претходно итно од неговиот дом бил пренесен во болница поради проблеми со срцето.

Неговиот брат Џермејн Џексон изјави дека докторите во медицинскиот центар Роналд Реган при Универзитетот Колумбија во Лос Анџелес повеќе од еден час се обидувале да го вратат во живот, но безуспешно.


,,Причината за неговата смрт е непозната се додека не бидат соопштени резултатите од аутопсијата.,,

Изјави Џермејн Џексон. Смртта на Џексон дојде во период кога тој се подготвуваше на серија камбек концерти која требаше да почне кон средината на идниот месец во Лондон.

,,Ќе ги изведувам песните што моите фанови сакаат да ги слушнат. Тоа е тоа. Навистина ова е конечно спуштање на завесата.,,

Изјави Мајкл Џексон на прес конференцијата во Лондон на петти март годинава. Тој, заедно со Елвис Присли и Битлси, се смета за една од најголемите светски поп сензации. Мајкл Џексон Продаде стотици милиони плочи со големите хитови како Трилер и Били Џин. Кариерата на Џексон беше проследена со обвинувања за сексуално злоставување на деца и за ексцентрично однесување, вклучувајќи ги тука и големиот број пластични операции. Мајкл Џексон стана славен уште со семејната група Џексон Фајв каде што изведуваше со своите браќа.

,,Порасна во Мотаун. Тој беше дел од семејството Мотаун. Шокиран сум од смртта на Џексон.,,


Изјави Бери Горди основачот на Мотаун Рекордс каде што групата Џексон Фајв го потпиша првиот договор за снимање плоча.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG