Достапни линкови

Нетранспарентност во јавните набавки


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија

Во Македонија редовно се поништуваат многу тендери со повеќе понудувачи, додека успешно завршуваат тендери со еден понудувач или пак принципот „договор во четири очи“. Според експертите вината лежи кај владеачките гарнитури кои не ги почитуваат законските прописи

Нетранспарентоста во државните институции во земјава при спроведување на јавните набавки, ги одвраќа инвеститорите, велат експертите. Тие вината за загубата на илјадници евра, залудно потрошеното време, и пропаднатите тендери ја бараат во лошо
Се додека никој не сноси последица од лошо спроведен тендер или злоупотребена јавна набавка ние нема да ставиме ред во оваа сфера
организираниот систем, неажурната администрација и во корупцијата. Минатата година биле поништени многу тендери на кои имало и по седум понудувачи, но истовремено успешно завршиле тендери на кои се појавила по една фирма.

Слаѓана Тасева, Транспарентност „Нулта Корупција“
За Слаѓана Тасева од Транспарентност-Нулта Корупција проблемот е во тоа што лошо се подготвува тендерската документација, а тогаш кога се добро подготвени не се почитуваат, а недостасува и системот на контрола

„Се додека никој не сноси последица од лошо спроведен тендер или злоупотребена јавна набавка ние нема да ставиме ред во оваа сфера. На транспарентност не можевме да ја научиме владата, тие самите не ги почитуваат законите и процедурите. Кога така се однесува врвот, така се однесуваат и другите, а сега таа сфера е дисперзирана толку многу. “

вели Тасева и објаснува дека и луѓето престанале да се жалат за лошо спроведените постапки , затоа што знаат дека и да се пожалат
Ако нема добра волја таму и не се свесни за последиците кои ги трпи државата од незаконско трошење на буџетските средства, тогаш тешко дека може да се надеваме на нешто дорбо за државата
ништо нема да се превземе тие да се решат.

10 милиони евра повеќе во 2008 од претходната година се потрошени преку директно преговарање без објавување на оглас. Или вкупно 24 милиони евра државни пари лани се одлеале преку договор во 4 очи-регистрира истражувањето на центарот за граѓански комуникации. Ариф Муса од Државната комисија за антикорупција вели дека за да се намали корупцијата при јавните набавки, најпрвин треба војла од политичките партии кои се на власт.

„Ако нема добра волја таму и не се свесни за последиците кои ги трпи државата од незаконско трошење на буџетските средства, тогаш тешко дека може да се надеваме на нешто дорбо за државата.“

Граѓаните губат а државата не одговара за низата неуспешни продажби и пропаднатаи тендери велат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG