Достапни линкови

Иранската полиција на улиците на Техеран


Силни безбедносни мерки се воведени во иранскиот главен град Техеран со цел да бидат спречени натамошни улични демонстрации против резултатите од претседателските избори.

Во Иран биле уапсени дваесет и пет новинари и вработени во весникот во сопственост на поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави. Еден од издавачите Алиреза Бехешти изјави дека до апсењето дошло откако весникот Зелен збор бил затворен од властите веднаш по постизборните протести во земјата. Силни безбедносни мерки се воведени во иранскиот главен град Техеран со цел да бидат спречени натамошни улични демонстрации против резултатите од претседателските избори. Врховното тело во земјата Советот на чувари отфрли секакво прегласување на изборите, но верскиот лидер Ајатолах Али Хаменеи се согласил да му даде на
Советот уште пет дена да ги разгледа приговорите на опозицијата. Во меѓувреме, еден од трите поразени кандидати Мохсен Резаи кој порано раководеше со Револуционерната гарда соопшти дека ги повлекува неговите приговори со цел да даде придонес во смирување на ситуацијата. Американскиот претседател Барак Обама ја заостри својата позиција околу ситуацијата во Иран, наведувајќи дека е запрепастен од заканите, тепањата и апсењата на демонстрантите.

,,Ние го видовме вечното достоинство на десетици илјади иранци кои тивко маршираат. Видовме луѓе од сите возрасти како ризикуваат се во инсистирањето да се слушне нивниот глас. Оние што се борат за правдата секогаш се на вистинската страна на историјата.,,

Обама повтори дека Соединетите држави го почитуваат суверенитетот на Исламската република и ги отфрли како апсурдни обвинувањата дека западните земји ги поттикнуваат нередите во Иран.



  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG