Достапни линкови

Свинскиот грип ,,закана" за летната сезона?


Хрватска - Сплит
Хрватска - Сплит

Со летните одмори се зголемува опасноста од ширење на вирусот на свински грип. За сега во Македонија нема заболени од новиот вирус, кој е регистриран во неколку соседни земји.

Прв случај на новиот вирус познат како свински грип, е регистриран во Црна Гора , потврди црногорскиот министер за здравство. Тој објасни дека станува збор за студент од приморскиот град Бар, кој сега се вратил од САД и е носител на вирусот х1н1.Пред пет дена се појавија уште двајца заразени во Грција. Според грчкото министерство за здравство во моментов имаат 25 луѓе носители на вирусот.Светската здравствена организација го потврди и првиот случај на заразен од новиот грип и во Хрватска. Се работи за Хрват кој се вратил од патувањето во Турција и Египет. Со летната туристичка сезона растат и шансите да се зголеми бројот на заболени од овој грип. На македонските туристи хит дестинации им се балканските земји:
Многу луѓе годинава можеби поради таа причина и ќе се откажат од летен одмор, поради стравот од грипот


,,Во размислување сме сеуште, помеѓу Хрватска, Грција и Египет."

,,Најверојатно Хрватска, може и нема да одиме."

,,Во Валона, во Албанија затоа што четири години одам таму многу ми се допаѓа."

Граѓаните се поделени околу ставот за тоа дали стравот од грипот е одлучувачки фактор за локацијата на летувањето.

,,Многу луѓе годинава можеби поради таа причина и ќе се откажат од летен одмор, поради стравот од грипот."

,,Не јас сум дете од село и немам страв од грипови и такви работи."

,,Секогаш има некаква шанса нешто да се случи, но незнам колку тоа би било одлучувачки фактор дали да отидам некаде или не."

Од туристичките агенции велат дека домашниот буџет на луѓето одлучува за нив каде ќе летуваат а не стравот од грипот.
Свинскиот грип воопшто никој го нема споменато некој од нив како поим


,,Свинскиот грип воопшто никој го нема споменато некој од нив како поим, значи воопшто нема нешто конкретно дали во таа земја, дали на таа дестинација се има појавено или се нема појавено."

Вели Сашо Мицковиќ претставник на скопска туристичка агенција.
Од Комисијата за заразни болести сметаат дека постои можност со летната сезона да се зголеми број на заразени, како во светот така и во Македонија.

,,Доколку се оди во странство да се избегнуваат контакти со заразени лица, ако имаат симптоми да се јават веднаш на преглед, симптоми на грип со температура, кашлица, кивање итн. а при враќање во државата, доколку во следните седум дена добијат симптоми веднаш да се јават и да побараат помош од здравствените служби."

Вели Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести. Засега во Македонија нема заболени од новиот вирус. Но во светот е прогласена пандемија од шести степен што значи дека вирусот кој се пренесува од човек на човек има можност да зарази многу повеќе луѓе. Според податоците на светската здравствена организација заразени се околу 50 иљади луѓе од 74 земји. А починале повеќе од 200те. Најмногу починати има во САД..
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG