Достапни линкови

Авганистан - Избори и безбедност


Американскиот генерал Дејвид Петреус
Американскиот генерал Дејвид Петреус
Генерал Дејвид Петреус, кој ја раководи Централната Команда за војните во Авганистан и Ирак неодамна ја брифираша политичката елита во Вашингтон за растечката небезбедност.

,,Без сомнение ситуацијата е влошена во изминативе две години. Престојат тешки времиња,,.

Статистиката на НАТО ја потврдува состојбата на теренот. Според неодамнешниот извештај, на ИСАФ, за периодот Јануари – Мај оваа година во однос на минатата, нападите се зголемиле за 59 насто, иако за прв пат во Мај има извесно намалување. 80 проценти од нападите се бомби потавени покрај патот и тие се најголемиот убиец на авганистанските и меѓународните војници. Во Авганистан е во тек кампања за престојните претседателски избори чије гласање е одложено до 20 Август. Калид Паштун е преставник од Кандахар во Авганистанскиот парламент и член на Комитетот за одбрана.

,,Јас сметам дека доколку меѓународните сили го одржат сегашното ниво на притисок, и борби, тогаш ситуацијата ке биде под контрола,,.
Авганистан - војници на Исаф

Тој како опасност ја посочува ситуацијата во соседен Пакистан од каде што се уфрлаат талибански милитанти. Портпаролот на авганистанската полиција Змарај Башари пак за Радио Слободна Европа изјави дека полицијата нема свои сили во 10 дистрикти во проблематчните јужни региони на земјата и оти немаа валидна информација за тамошните случувања. Ваквиот вакум на домашните безбедносни сили ке падне врз грбот на меѓународните сили. Соединетите Држави ја зголемија бројката од 32 на 58 илјади војници а планираат таа да биде зголемена за уште десет илјади војници. Поради високото американско ниво на придонес, министрите за одбрана на НАТО решија да ја сменат командната структура на ИСАФ со цел поголема контрола врз воените операции да им се даде на американскиот генерал Стенли Мек Кристал и неговиот заменик Дејвид Родригез.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG