Достапни линкови

Македонија се подготвува за Нимиц


Средба на државниот врв за името
Средба на државниот врв за името

По вчерашната координација на државниот врв за името на која учествуваше и претставник на македонските Албанци не се исклучува уште една средба пред посетата на медијаторот Нимиц. Аналтичарите не очекуваат големи изненадувања во преговорите

Од кабинетот на Претседателот Иванов велат дека имаат постојана комуникација и со владата и со специјалниот претставник на амбасадорот Зоран Јолевски заради оствруавње најдобара позиоција во врска со новите чекори што ќе ги предлжи Нимиц, спроти продолжувањето на македонско-грчките разговори за името. Од кабинетот додаваат дека е можно да има уште една координација со владата и министерството за надворешни работи пред посетата на Нимиц на Скопје и остнуваат на изјавата по вчерашанта средба дека сме подготвени на претстојната нова рунда разговори да се вложат максимални напори за да се направи чекор напред во дијалогот.
Прво и основно настана една поголема пауза во преговорите. Посредникот Нимиц намерно остави простор да се завршат изборните процеси. Ситуацијата е иста, нема никакво приблужување на двете страни. Ова веројатно е повторно загревање на темата
Спроти продолжувањето на македонско-грчките разговори за името по четиримесечниот „мораториум“ поради изборите во двете земји, големи изнадувања не очекува професор Блјана Ванковска:

„Прво и основно настана една поголема пауза во преговорите. Посредникот Нимиц намерно остави простор да се завршат изборните процеси. Ситуацијата е иста, нема никакво приблужување на двете страни. Ова веројатно е повторно загревање на темата.“

Македонија не успеа да договори националана стртегија ниту да појасни што е арзумен компромис и кој се тие црвени линии, вели Ванковска додавајќи дека од друга страна Грција се соочува со парламнтарни избори и тука повторно ке има кочница од таа страна. Опозициската СДСМ останува на мислење дека засега нема приближуавње на двете страни и оти владата не покажува дека е подготвена да арзговара ниту да појасни што е разумен компромис

„Иако го најавуваат ова дека е состанок во кој ќе се разменат почетните позиции и дека не треба да се очекува повеќе, секоја средба со Нимиц за нас треба да биде значајна и да води кон решение. Ние треба да сме апсолутно свесни дека ова прашање не може да биде поважно за Грција отколку за нас,“

изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Заев.
За ДУИ нов квалитет во начинот на однесување кон прашањето за името внесува и присуството на вчерашаната средба на вицепремиерот задолжен за Рамковнот договор Абдулаќим Адеми, како претставник на коалицискиот партнер во Владата и легитимен претставник на македонските Албанци, вели Рафиз Алити од ДУИ
„Ставот на ДУИ во врска со спорот со името е конструктивен и ние ќе бидеме конструктивни и понатаму. Секако дека остануваме да се имплементира нашата политичка платформа и Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ.“
На координативна средба во претседателската палата „Водно“ учествуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Грувески, вицепремиерот Адеми и шефот на дипломатијата Милошоски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG