Достапни линкови

Финансиски проблеми за општините?


Влада на Република Македонија
Влада на Република Македонија

Под влијание на економската криза и намалените приходи од ДДВ општинските каси ќе останат без планираните средства. Експертите предупредуваат дека тоа може да ја загрози нивната стабилност

Намалените приходи на државата, поради светската економска криза, ќе ги намалат и буџетите на општините, а тоа може да ја наруши макроекономската стабилност на државата, предупредуваат економистите. Општините се жалат дека и сега имаат проблем со пари. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески вели дека македонските општини имаат помали буџети од истите по големина општини во регионот. За Европа не станува збор, вели Петрески.
Тоа значи дека локалната власт во 2010 година ќе се соочи со голем фискален проблем, затоа што ќе добие многу помалку пари отколку во 2009 година. Ако на тоа додадеме и неплатените обврски на некои општини кои се во постојано зголемување, тоа значи дека може да се намали макроекономската стабилност, затоа што локалната власт ќе добие многу помалку пари од тоа што очекувала и планирала


„И вака да остане е катастрофална ситуација, а сега со кризата и средствата што беа мали ќе се намалат уште повеќе.“

За време на изборната кампања на локалните избори, членовите на Владата ги убедуваа граѓаните да гласаат за нивните кандидати и уверуваа дека со нив ќе имаат подобра соработка.

Петрески, кој е член на СДСМ, се плаши дека општините во кои локалната власт е во рацете на опозицијата, догодина, може да добијат помалку пари од општините кои се во рацете на владејачките партии на државно ниво.

„Сигурно дека кога ваква моќ е концентрирана во владата, тогаш тие настапуваат повеќе од средствата што ги собираат ги пренасочуваат во општини каде што сакаат, а не таму каде што е потребно.“

Општините, меѓу другото, се финансираат и на тој начин што, според законот, државата им дава три отсто од вкупно прибраните приходи по основ на ДДВ и на персонален данок на доход.
Во април, имаме приходи по основ на ДДВ, не само помали од планираното, туку помали и од минатата година, вели економистот Маријан Николов од Центарот за економски анализи.

„Тоа значи дека локалната власт во 2010 година ќе се соочи со голем фискален проблем, затоа што ќе добие многу помалку пари отколку во 2009 година. Ако на тоа додадеме и неплатените обврски на некои општини кои се во постојано зголемување, тоа значи дека може да се намали макроекономската стабилност, затоа што локалната власт ќе добие многу помалку пари од тоа што очекувала и планирала.“

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери тврди дека Владата сериозно размислува да го зголеми процентот од ДДВ и персонален данок на доход што го добиваат општините.

„Се планира и има барање за покачување на процентот на ДДВ, да се зголемат тие приходи, што ќе влијае врз зголемување на приходите на општините.“

За денеска, е закажан состанок на претставници на Владата и на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG