Достапни линкови

Визната либерализација пред Советот на ЕУ


Шенген виза
Шенген виза

Во Министерството за надворешни работи очекуват на состанокот на Советот на ЕУ да биде потврдена заложбата на Македонија за визна либерализација и да се добие валоризација на спроведените реформи

Од денешниот состанок на Советот на Европската унија министерството за надворешни работи очекува да биде потврдена нашата заложба за визна либералзиација и да добиеме валоризација на досега спроведеното. Денеска нема да биде донесен датум. Советот на
Ќе овозможи оние кои имаат услови да заминат некаде. Значи, не се визите само пречка, туку и финансиите. Но, секако укинувањето на визите е голем плус да бидеме барем рамо до рамо со нашите врсници
министри ќе даде свое мислење односно ќе го разгледа извештајот на Европската комисија што е надлежна да препорача датумот за укинување. Визната либерализација ќе се однесува на слободен влез во земјите од шенген зоната од 90 дена, односно престој од три месеци за секое патување со било каква намена, туризам, здравствено лекување, бизнис, но нема врска со договори за работа. Тоа е друга проблематика која се регулира понатаму преку институциите на ЕУ велат во Министерството Алексанадар Давчевски поранешен претседател на Сојузот на студентите смета дека ке се отврат нови перспективи за студентите зошто бевме многу затворена држава поради шенгенските бариери, но изразува скептицизам колку навистини ке може да патуваат поради светската економска криза и поарди внтрепните еконосмки сосотојби

„Ќе овозможи оние кои имаат услови да заминат некаде. Значи, не се визите само пречка, туку и финансиите. Но, секако укинувањето на визите е голем плус да бидеме барем рамо до рамо со нашите врсници.“

Ќе изгледа примамливо за одредена категорија граѓани дека со уривањето на
шенгенскиот систем ќе им се отворат услови за подобар живот. Професорот Звонимир Јанкуловски смета дека преку визната леберализација реално е многу граѓани да се обидата да си ја побараа среката надвор до гарниците но оти тоа ке биде во првиот бран и оти тоа е нормално и за Европа и з а останатиот дел од светот.
Патот во ЕУ ќе биде многу тежок за сите кои планираат тоа да го направат, освен за ефтината работна сила.


„Се бараат многу поинакви стандарди од оние во Македонија. Патот во ЕУ ќе биде многу тежок за сите кои планираат тоа да го направат, освен за ефтината работна сила.“

Битно е дека граганите ке имаат можност сами да се запознаат со стандардите на Унијата зошто во голем дел тие немаат лично доживување туку слика што ја добиваат од медиумите . За економијата битно е дека се отвораат можности за стопанствениците преку отварње на пазарите што значи дека проточноста ке биде без чекања и без редици, вели Јанкуловски .

„Видете што се случи како резултат на економската затвореност и земањето бугарски пасоши. Со тоа автоматски се затвора тој вентил и се отвораат можности и за стопанствениците, академскиот кадар, па и обичните граѓани.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG