Достапни линкови

Израел подготвен да прифати Палестинска држава


Американската Бела Куќа и Европската унија ја поздравуваат подготвеноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да прифати формирање палестинска држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во синоќешниот говор во говорот во Универзитетот Бар Илан во близина на Тел Авив изјави дека е подготвен да прифати Палестинска држава, но под услов таа да биде демилитаризирана и да му гарантира безбедност на Израел.

,,Ако добиеме гаранција за демилитаризација и безбедносни договори и ако палестинците го признаат Израел како држава на еверјскиот народ подготвени сме за вистински мировен договор и постоење палестинска држава.,,

Изјави Нетанјаху, додавајќи дека палестинците се пред важен избор, меѓу мирот и она што го нуди Хамас. ,,Израел нема да преговара со терористи кои се обидуваат да го уништат,, рече израелскиот премиер. Ова веднаш беше поздравено од Вашингтон и од Брисел. Белата Куќа наведе дека американскиот претседател Барак Обама ќе соработува со двете страни во исполнувањето на преземените обрвски за мир во регионот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG