Достапни линкови

Претседателски избори во Иран


Мусави и сопругата гласаат на претседателските избори
Мусави и сопругата гласаат на претседателските избори

Иранците денеска гласаат за нов претседател, но нивниот главен интерес нема да бидат неговите надворешни перфоманси, туку како ќе се справи со внатрешните економски проблеми.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е познат надвор од земјата поради неговиот контроверзен стил. Тој ги отфрла барањата за запирање на процесот за збогатување ураниум, Холокаустот го нарекува мит и ја критикува американската надворешна политика. Ахмадинеџад потроши многу време во својата предизборна кампања да ја потенцира силната економија на земјата за време на неговиот четиригодишен мандат. Тој ги обвини опонентите дека со помош на Западните невладини организации сакаат да ги
Аргументите на Ахмадинеџад дека економијата е во добра состојба се ставени под прашалник и од главниот ривал на претседателските избори, поранешниот премиер Мусави....
дискредитираат успесите на неговата администрација.

,,Вие со странски документи и со извори од Ционистички институции се обидувате да го ставите под сомневање економскиот успех на владата.,,

Изјави Ахмадинеџад, коментирајќи го последниот извештај на Транспаренси интернешнал. Но, неговите аргументи дека економијата е во добра состојба се ставени под прашалник и од главниот ривал на претседателските избори, поранешниот премиер Мир Хосеин Мусави. Тој вели дека во Иран инфлацијата е за десет проценти поголема од она што официјално го тврди владата, односно петнаесет насто.

,,Па, зошто го лажете народот? Зашто го дезинформирате? Каква полза од тоа има земјата? Дали за да останате уште малку време на власт?,,

Реформистот Мусави го обвини Ахмадинеџад за популистичка економска политика, посебно за неговата изјава дека парите од нафтата сега директно ќе оделе кај граѓаните и за зголемување на платите и пензиите. Ахмадинеџад тоа, како и градењето нови училишта и спортски сали имал можност да го повторува на неговите шеестина патувања во внатрешноста на земјата за време на предизборната кампања. Но, повеќето негови критичари сметаат дека ваквите ветувања тој не може да ги исполни со оглед на немањето странски инвестици во капитални проекти. Ако кон ова се додаде и намалената цена на нафтата во светот, тогаш, како што велат, било јасно дека земјата и натаму ќе тоне во економски проблеми. Дали над 46 те милиони иранци и овој пат ќе му веруваат на Ахмадинеџад кој пред четири години дојде на власт со истите ветувања или на реформистот Мусави за кој се смета дека успешно ја водеше иранската економија за време на осумгодишната војна со Ирак во осумдесетите години од минатиот век и кој сега нуди поголема либерализација на стопанството.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG