Достапни линкови

(Не)квалитетно студирање?


Студенти од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"
Студенти од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"

Донесе ли воведувањето на Болоњскиот процес на факултетите, повисок квалитет во студирањето? Воздржаност, дури и скептичност меѓу студентите, но и кај дел од професорите за постигнатите резултати.

Досега не се направени анализа за тоа како функционира Болоњскиот процес и неизоставниот дел од тој процес, Европскиот Кредит Трансфер Систем, во високото образование .Се што може да се каже за кредит трансфер системот, се импресиите на професорите, студентите и администрацијата. И после неколку години од воведувањето , останува прашањето: Зошто за системот за кој толку многу се зборува, никој досега не направил суштински и систематски анализи? Заклучоцоте и на студентите и на професорите се повеќе критични, отколку позитивни.

,,Електронско пријавување испити, во едно модерно електронско време, а ние сеуште тука ,,лижеме" таксени марки и плаќаме за
Електронско пријавување испити, во едно модерно електронско време, а ние сеуште тука ,,лижеме" таксени марки и плаќаме за пријавување на испити
пријавување на испити."

"На заокружување се сите прашања и на факултет како што е Правен, каде што треба да научиш ораторски вештини, тебе те ,,кочи" тоа што заокружуваш, затоа што учиш на препознавање."

,,Пристапот според мене е погрешен, затоа што се обидуваат една иста матрица да ја вметнат на секој институт и факултет."

изјавуваат студентите. Професорот Илија Ацески напишал студија „Приоритети за развој на Филозофскиот факултет “ во која пишува за резултатите од воведувањето на ЕКТС.

,,Се започнува процес на ,,школизација" на факултетите. Некако ги немаме тие компоненти на академско, на високо образование. Ако ги немаме тие, таа една желба да отиде напреди стоиме во место."

Од истражувањето се гледа дека студентите се воздржани кон Болоњскиот процес, па дури и скептични, скоро половина се убедени
Се започнува процес на ,,школизација" на факултетите
дека Болоња не одговара на сите земји и на нивните култури. А мал е и процентот на оние кои се убедени дека реализацијата на Болоњскиот процес ќе доведе до повиско квалитет на студирањето. Поранешниот министер за образование Ненад Новковски, вели дека Болоњската декларација, а со тоа и ЕКТС се спроведува со динамика со која било планирано.

,,Беа потребни многу чекори за да се остварат овие реформи, со нив во основа македонскиот се доближува до европските ситеми."

И додека кај нас сите тежнеат кон Болоњскиот процес, група странски аналитичаки и експерти упатуваат на тоа дека европската идеја за универзитетите пропаѓа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG