Достапни линкови

Едношалтерски систем во Прилеп


Прилеп
Прилеп

Долго очекуваниот едношалтерски систем во Прилеп започна со работа. Според најавите за само 48 часа, прилепчани ќе можат да ги добијат сите потребни документи кои се во ингеренција на општинската администрација.

За само 48 часа прилепчани ќе можат да ги добијат сите потребни документи кои се во ингеренции на локалната администрација, затоа што стартуваше со работа долго очекуваниот едношалтерски систем.

,,Овде има шалтери од сите сектори на Општина Прилеп. Од финансии има два сектори, од даночното одделение документите ќе може
Од архивирањето на предмет, до издавањето на решение од наша страна максимално би поминале до два дена
тука да ги пополнуваат, има шалтер од инспекторатот, има шалтер од правниот и општ сектор, како и шалтер од урбанизам."

Информира проект-координаторот Ане Лашкоска. Овој систем популарно наречен „48 часа„ според најавите треба да им пружи многу бенефити на граѓаните,зашто не само што нема да губат време од врата до врата, од едно до друго подрачно одделение туку на едно место,многу експедитивно ќе дојдат до бараниот документ.

,,Со ова мислам дека исполнуваме уште еден важен финансиски критериум, заради тоа што се приклучуваме кон она што се упатства од Европската Унија и во тој дел граѓаните ќе можат максимално брзо да ги почувствуваат ефектите од реформата. Од архивирањето на предмет, до издавањето на решение од наша страна максимално би поминале до два дена."

Вели Бошко Талески, раководител на Локалниот оддел за администрирање даноци. Од одделот за урбанизам сметаат дека оваа реформа ќе ја зголеми ефикасноста и на службите:

,,Работата е предвидена да барањето се поднесе на тој еден шалтер, се достави интерно до службите, до референтите, советниците, се обработи тој предмет и повторно се врати во законскиот рок на едниот шалтер каде граѓанинот ќе биде известен за да го подигне, односно ако е во рок да речеме од 5 дена, во тој рок треба да си го подигне и поднесеното барање."

Истакнува Илија Карески, раководител на одделот.Инаку, моделот за оваа реформа во локалната администрација е преземен од српската општина Инџија. Според очекувањата на локалната самоуправа, со реформата ќе се зголеми транспарентноста и професионалноста на локалната администрација,а оваа новина како што се најавува во догледно време ќе биде имплементирана и во работата на сите јавни претпријатија на локално ниво. Инвестицијата е вредна 100.000 евра, а најголем дел од средствата се донација од Европската агенција за развој и соработка.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG