Достапни линкови

Реакции во Македонија на резултатите од евроизборите


Резултати од европските избори
Резултати од европските избори

Власта се надева дека победата ќе биде од полза за Македонија, додека опозицијата не верува дека нешто ќе се промени.

Опозицијата смета дека резултатот на европските избори нема многу да влијае на положбата на Македонија во Унијата. Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Гордан Георгиев вели дека ВМРО-ДПМНЕ, до сега, не успеала да издејствува помош од европската десница.

,,Нема драматично ништо да се промени во позицијата на Македонија. Тоа се гледа и по изјавата вчера на премиерот, која што беше
Нема драматично ништо да се промени во позицијата на Македонија
млака и неодредена бидејќи ВМРО ДПМНЕ се обидуваше многу да воспостави некоја комуникација со европските десничарски партии, но конкретна помош до сега не видовме,

Премиерот Никола Груевски смета дека би било добро, ако европската десница формира мнозинство во Европскиот парламент.
Очекувам дека десницата ќе има мнозинство во Европскиот парламент каде што припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ, каде што имаме и многу средби, состаноци, одредено влијание и т.н. Така што и според очекувањата пред изборите се очекува дека во повеќето земји ќе победат партиите кои што се десно од центарот, изјави вчера, Груевски.
Во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека Македонија има пријатели во различните партии во Европарламентот.
Ние од Кабинетот веруваме дека Македонија има пријатели во различни партии и групации во Европскиот Парламент


,,Ние од Кабинетот веруваме дека Македонија има пријатели во различни партии и групации во Европскиот Парламент. Во таа насока претседателот Иванов се надева и ги поттикнува сите македонски партии во контакти и соработка со своите сестрински партии од ЕУ, да ги промовираат интересите и аспирациите на Македонија и нејзините граѓани."

вели Љубен Тевдовски од кабинетот на Претседателот.
Портпаролот на Нова Демократија Аријанит Хоџа вели дека за нив, како десничарска партија, победата на десницата влева оптимизам, дотолку повеќе, што и во земјава на власт е конзервативна партија.

,,Верувам дека сепак бидејќи и тука владата на Македонија е десно ориентирана како партија, верувам дека тука ќе има и простор за забрзување на евроинтегративните процеси на Македонија."

Хоџа смета дека противењето на проширувањето било само во предизборни цели и се сомнева дека европската десница ќе води таква политика и во иднина. Конзервативната Европска народна партија чија членка е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според првичните податоци, победи на европските избори. Конзервативните партии водат во Германија, Италија, Франција и во Белгија, додека во Британија, Шпанија и некои помали земји десничарите имаат благо водство или се изедначени со другите партии. За разлика од повеќето европски земји, проценките велат дека во Грција конзервативната ,,Неа Демократија" на актуеелниот премиер Костас Караманлис ќе доживее пораз.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG