Достапни линкови

Предвремени избори покритие за неуспесите?


Гласачко место
Гласачко место

Со идејата за предвремени избори, политичарите сакаат да го свртат вниманието на јавноста од клучните проблеми, како спорот со името и членството во НАТО и ЕУ и неможноста за нивно решавање, велат експертите.

Со идејата за предвремени избори, политичарите се играат со јавното мислење, сакајќи на тој начин да го отргнат вниманието од важните прашања за Македонија, велат експертите. Откако во јавноста се појави информацијата за предвремени избори, власта и опозицијата се обвинуваат за тоа кој е изворот на шпекулацијата. Професорот Денко Малевски вели дека идејата за предвремени избори е производ на неспособноста на политичарите да се обединат за решавање на тешките прашања за државата. Пуштањето на такви шпекулации
Во степен во кој што тие се неспособни да ги разрешат овие работи затоа што тоа бара единство, се измислуваат разно разни глупости и се врти вниманието на јавноста од тие тешки проблеми
придонесува јавноста да се занимава со периферни работи, наместо со суштински, вели професорот Малевски.

,,Значи има држава, има стратешки цели кои мора да ги оствари на пат е тоа да го направи, тоа е членството во НАТО што сеуште чека, и потоа забрзано кон ЕУ, и во степен во кој што тие се неспособни да ги разрешат овие работи затоа што тоа бара единство, се измислуваат разно разни глупости и се врти вниманието на јавноста од тие тешки проблеми."

Без разлика од каде доаѓа шпекулацијата за предвремени избори, крајно несериозно е партиите во овој момент да размислуваат за таа идеја и да ја пуштаат во јавноста, вели професорот Имер Исмаили.

,,Значи овие се некои ситни профити внатре, да се привлече вниманието од круцијалниот проблем, а тоа се разговорите со Грција за името и во состав на ова јас го гледам ова како игра со јавното мислење и од едниот и од другиот табор. Незнам од кој табор доаѓа ова, меѓутоа и двете партии сепак ја играат оваа игра."

Од СДСМ рекоа дека кога ќе го отворат прашањето за предвремени избори , тоа ќе го направат на многу појасен и посериозен начин, и обвинија дека зад таа шпекулација стои ВМРО-ДПМНЕ. Од власта пак изјавија дека таквата идеја доаѓа од СДСМ за да се покрие недостигот од новости кои што граѓаните ги очекуваат од опозицијата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG