Достапни линкови

Државниот врв како ,,раштиман оркестар" за името?


Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски
Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски

Од Кабинетот на претседателот Иванов и премиерот Груевски во јавноста се пласираат различни стратегии за решение за името. Можни ли се разидувања меѓу премиерот и претседателот?

Претседателот Ѓорге Иванов мисли дека име со географска одредница, е неповолно решение во спорот за името со Грција, соопшти советникот на Претседателот Иванов, професор Димитар Мирчев, во вчерашното интервју за А1 телевизија. Професор Мирчев не инсистира на референдум на кој граѓаните би го одобриле евентуалниот компромис за името. Мирчев смета дека има и други политички методи за испитување на расположението на јавноста. Од друга страна, премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање на одбележувањето 18 години од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека, доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум на кој народот ќе го каже последниот збор. Професор Мерсел Биљали вели дека македонските власти невешто се
Прво релациите и внатре во коалицијата и во владата и влада-претседател се како раштиман оркестар
служат со дипломатските тактики и техники.

,,Прво релациите и внатре во коалицијата и во владата и влада-претседател се како раштиман оркестар. Тие функционираат од денеска за утре и тука нема стратегија за нивните настапи, позиции, политики... Јас мислам дека тоа не само што ќе доведе до конфликт на релација претседател-премиер, туку е многу штетно за државата."

Професор Васко Наумовски вели дека ставовите на советниците не може да се сметаат за став на Претседателот.

,,Советниците на претседателот имаат функција да му презентираат различни ставови, па понекогаш дури и спротивни, што ќе придонесе за формирање на една правилна политика и вистински став на претседателот. На крајот на краиштата, советниците имаат улога да советуваат, а конечните одлуки ги носи претседателот."

Прашањето за името е од толку големо значење за државата и за граѓаните, што ниту еден политичар или политичка гарнитура не би се осмелила да ја понесе одговорноста и да одлучи спротивно од волјата на граѓаните, вели Наумовски. Тој не очекува голема разлика во
Сите овие изјави можеме да ги толкуваме само како ставови на некои од неговите советници, што немора да значи дека го изразува ставот на целокупниот претседателски кабинет
ставовите за решение на спорот на името меѓу претседателот и премиерот.

,,Не би се потпрел на интервјуто на еден од советниците на претседателот, доколку сакам да го слушнам вистинскиот став на таа институција, мислам дека соодветно на службата на претседателот, неговите ставови би се претставувале во јавноста преку досега прифатените методи, а сите овие изјави можеме да ги толкуваме само како ставови на некои од неговите советници, што немора да значи дека го изразува ставот на целокупниот претседателски кабинет."

Се очекува набрзо да се интензивираат преговорите за решавање на спорот за името. Според информациите од МНР, посредникот во преговорите за името Метју Нимиц ќе го посети регионот во втората половина на месецов.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG