Достапни линкови

Светот загрижен од новата нуклеарна проба на Северна Кореа


Регистриран потрес во Северна Кореа
Регистриран потрес во Северна Кореа

Северна Кореа соопшти дека денеска успешно извршила подземна нуклеарна проба. Светот го осуди ваквиот чекор за кој на итна седница треба да расправа и Советот за безбедност на ООН.

Севернокорејската официјална новинска агенција објави дека пробата била извршена со цел зголемување на одбрната на земјата. Во веста се додава дека експлозијата била многу посилна од првиот нуклеарен тест на Северна Кореа, извршен во октомври две илјади и шестата година. Американскиот Геолошки институт соопшти дека денеска детектирал земјотрес во Северна Кореа со интензитет од четири запирка седум степени според Рихтеровата скала. Во Јужна Кореа веднаш е свикан националниот совет за безбедност, а Јапонија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

,,Доколку Северна Кореа навистина извршила нуклеарна проба тоа ќе биде јасно кршење на резозолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и ние не можеме тоа да го дозволиме.,,
Севернокорејските ракетни и нуклеарни проби претставуваат сериозна закана за сите земји и затоа е потребна акција на меѓународната заедница...

Изјави генералниот секретар на јапонската влада Такео Кавамура. И Британија и Соединетите држави оценија дека пробата претставува јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека севернокорејските ракетни и нуклеарни проби претставуваат сериозна закана за сите земји и затоа е потребна акција од меѓународната заедница. Според американскиот претседател, обидите на Северна Кореа да развие нуклеарно оружје, како и балистичката ракетна програма се закана за светскиот мир и безбедност. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во врска со најновата проба изјави:

,,Секако дека сме загрижени за извештаите дека Северна Кореа извршила нуклеарна проба.,,

Рускиот амбасадор во Њујорк Виталиј Чуркин најави дека Советот за безбедност денеска ќе расправа за новиот развој на настаните. Северна Кореа неколку недели се закануваше дека ќе изврши нуклеарна проба како одговор на зајакнатите санкции на Обединетите нации кои беа воведени откако Пјонгјанг во минатиот месец лансираше ракета со долг дострел. По санкциите Северна Кореа се повлече и од шестпартитните преговори за нејзиното нуклеарно разоружување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG