Достапни линкови

Симболите од антиката пречка за името


Премиерот Никола Груевски
Премиерот Никола Груевски

Македонските аналитичари оценуваат дека дипломатите отворено сугерираат дека користењето на атничките симболи и името на Александар го усложнува процесот за наоѓање решение за името. Власта, велат тие, се однесува по народната „кучињата лаат, карванот врви“

Македонските власти или не ги разбираат, или не сакаат да ги прифатат дипломатските пораки кои доаѓаат од странство, коментираат
Ако добро ги читаме дипломатските пораки тие се многу експлицитни, многу јасни, дури веќе зборуваат без ракавици околу она што го перцепираат како усложнување на проблемот со името, особено користењето на историските симболи, споменици, и особено името на Александар
дел од експертите. Во неколку наврати, странските дипломати посочуваат дека користењето на историските симболи, а особено името на Александар Македонски предизвикува проблеми во процесот за наоѓање решение во спорот за името со Грција.

Професор Билјана Ванковска вели дека дипломатите, веќе отворено, посочуваат дека тоа може да го усложни проблемот.

„Ако добро ги читаме дипломатските пораки тие се многу експлицитни, многу јасни, дури веќе зборуваат без ракавици околу она што го перцепираат како усложнување на проблемот со името, особено користењето на историските симболи, споменици, и особено името на Александар.“

Професор Јове Кекеновски вели дека власта не води сметка за сугестиите што доаѓаат од странските партнери.

„Едноставно по онаа народната, кучиањата си лаат, а карванот си врви. Власта си ја турка својата приказна, својата идеја, неводејќи сметка за сите сугестии што доаѓаат од страна.“

Словенечкиот претседател Данило Тирк, на завчерашната средба со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов во Љубљана, ги предупреди, како што рече „ нашите пријатели од Република Македонија дека во овој чувствителен период, кога се бара
Власта си ја турка својата приказна, својата идеја, неводејќи сметка за сите сугестии што доаѓаат од страна
разумен компромис, значајно е да се внимава во каков контекст се користат некои имиња“.

Името на Александар Велики да не се користи на начин, кој што само дополнително ќе го отежни процесот на барање решение во спорот за името, побара Тирк. Кекеновски се сомнева дека Македонија ќе ја прифати сугестијата на Тирк.

„Очигледно е дека, а ние многу слабо или воопшто не ја сфаќаме пораката од нашите пријатели. Во тој контекст е и изјавата на словенечкиот претседател, којашто мислам дека ќе помине како и многу пати незабележана од наша страна.“

Професор Ванковска вели дека и претходната словенечка администрација била „пријателски искрена“ кон Македонија.

„Чувствуваат дека можат малку подиректно од останатите да ни се обратат, без тоа да го земеме како непријателски чин и да ни укажат дека ситуацијата е многу сериозна. Мислам дека меѓународниот притисок во последно време не само што се зголемува, туку и допрва ќе кулминира, така што мислам дека веќе не можеме и како држава да се вадиме дека сме неискусни во дипломатските комуникации, па не ги разбираме пораките.“

Во изминатиот период странските дипломати ја повикуваат Владата да се воздржи од какви било активности или мерки што може да бидат погрешно протолкувани или да влијаат контрапродуктивно врз преговорите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG