Достапни линкови

Долготраен американски ангажман на Балканот


Џозеф Бајден, потпретседател на САД
Џозеф Бајден, потпретседател на САД

Реафирмирање на американската поддршка за стабилизирање и напредок на Западен Балкан. Тоа се очекувањата на аналитичарите за претстојната турнеја на потпретседателот Џозеф Бајден на регион.

Турнејата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден која почнува на осумнаесетти мај во Сараево, според аналитичарите, укажува на перцепцијата во Вашингтон дека во регионот треба да се заврши недовршената работа. Во контекст на тоа се посочува и на изјавата на заменик помошникот на американскиот државен секретар Стјуарт Џонс дека Вашингтон сака да ги удвои заедничките напори со Европската унија за забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантските интеграции.

,,Самото тоа дека станува збор за Приштина, Сараево, Белград укажува на недовршената работа на Балканот, но и на фактот дека целата посета , на одреден начин ќе се врти околу политиката на Србија во регионот.,,
Потпретседателот Џозеф Бајден смета дека Западен Балкан е многу важен регион на кој му треба посилна стабилизација и поопиплив напредок...

Смета претседателот на Форумот за меѓународни односи во Белград Милан Симурдиќ кој додава дека она што може да се очекува од посетата на Бајден е разработка на пораката на претседателот Обама од Прага во смисла на поддршка на евроатланстките интеграции на Западен Балкан. Дека посетата претставува знак на зголемено американско интересирање за регионот, сведочи и фактот дека тоа е прва посета на еден потпретседател од илјада деветстотини осумдесет и третата година.

,,Бајден извонредно го познава регионот и смета дека Западен Балкан е многу важен регион на кој му треба посилна стабилизација и поопиплив напредок.,,

Оценува британскиот публицист Тим Џуда, наведувајќи дека со тајмингот на турнејата на Бајден, односно само неколку месеци откако е избран за потпретседател, Вашингтон покажува поголем слух за гласовите кои велат дека Западен Балкан не смее да се запостави.

,,Конечно не треба да се испушти од вид дека американскиот претседател ќе ја посети Русија во почетокот на летото, па сосема е возможно дека и оваа посета е дел од подготовката на обновување на американско руските односи, вклучувајќи ги и оние на Балканот.,,

смета Милан Симурдиќ. Угледниот американски експерт, директот на Институтот за мир Даниел Сервер пак, смета дека Бајден ќе ја реафирмира американската поддршка за Балканот. Во врска со натамошниот ангажман на Соединетите држави во регионот тој вели:

,,Мислам дека политички тие ќе бидат уште долго време ангажирани. Можеби вистинскиот одговор би бил, засекогаш. Воено, нашите сили се спуштени на многу ниско ниво. Лично мислам дека воениот ангажман би требало да потрае се додека Белград и Приштина не ги средат своите односи.,,

Заклучува директорот на американскиот Институт за мир Даниел Сервер.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG