Советот за безбедност во изјавата за која гласаа сите петнаесет членки оцени дека се неопходни итни напори и силна дипломатска акција за создавање Палестинска држава за да се постигне целосен мир на Блискиот Исток. Советот ја охрабри и таканаречената четворка во која се Обединетите нации, Русија, Европската унија и Соединетите држави да ги продолжат напорите за промоција на таквиот договор. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е актуелен претседавач на Советот, изјави дека најновата декларација ја изразува желбата на Светската организација за мир во тој регион:
,,Советот за безбедност со оваа изјава ја изразува решеноста да ги поддржува и натаму двете страни во нивниот напредок кон мирот.,,
Лавров потсетувајќи дека двете страни треба да ги продолжат преговорите, и со оценка дека без нивна заедничка соработка не може да се постигне никаков успех.
,,Ги продолжуваме нашите контакти со Хамас и бараме од нив да ги концетрираат нивните напори на чекорите што ќе ги рефлектираат фундаменталните интереси на палестинскиот народ.,,
Изјави Лавров, додавајќи дека затоа е неопходно повторно палестинско обединување. Во барањето решение меѓународната заедница треба да комуницира со поголемиот дел од палестинските претставници, а не како што е сега, само со припадниците на опозициониот Фатах, рече Лавров. Инаку, во изјавата Советот повикува на создавање нова арапска држава во Јудеја, Самарија и Газа и на прекин на населувањето на евреите во тие области. Израел постојано е против ваквото инволвирање на Советот за безбедност, наведувајќи дека станува збор за внатрешно прашање. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за разлика од неговиот претходник Ехуд Олмерт, има сериозни забелешки на создавањето независна палестинска држава. Американскиот амбасадор во Светската организација Сјузан Рајс синоќа во Советот за безбедност повтори дека Соединетите држави ги удвојуваат нивните напори за постигнување трајно решение за две држави кои ќе егзистираат една покрај друга. Таа додаде дека Обама е решен во наредниве неколку месеци енерегично да работи на мир меѓу Израел и неговите арапски соседи.
Американскиот претеседател Барак Обама е решен во наредниве неколку месеци енерегично да работи на мир меѓу Израел и неговите арапски соседи.