Достапни линкови

Преку намалени цени, до повеќе туристи


Охрид
Охрид
Во ситуација кога се очекува во светот да има помалку патувања за разлика од порано, поради светската економска криза домашните туристички работници проценуваат дека ударот може да се ублажи доколку во вистинско време односно порано се објавуваат понудите за претстoјната летна сезона, како што тоа го прават дел од земјите во регионот. Во намалување на цените или евентуално нивно задржување во висина од лани можен излез за перспективите на туризмот гледа Ангелко Саздов, кој има долгогодишно искуство во туристичкото стопанство.

„Во Кемпински во Банско, еден од најскапите хотели во светот, цената е 83 евра за двајца. Мислам дека во услови на криза секој треба да изнајде свој начин на опстанок.“

Се очекува дека светската финасиска криза ке го погоди турзимот но проценките се различни. Филип Христов кој очекува и кај нас да
Значи треба да дојдеме до некои минимални цени и да го свртиме интересот на граѓаните
се почувствува разлика од минатата година и во продадени аранжмани надвор од земјава и во бројот на туристите кои ќе летуваат кај нас, како и останатите претствници од туристички агенции размислува дека интeресот кон нивниот производ може да биде свртен доколку нема поскапувања, а хотелиeрите понудат пониски цени. Се гледa дека интересот веке значително опадна од почетокот на годината, најпрвин преку новогодишните празници, а потоа и по бројот на продадени аранжмани за велигденските и првомајските празници:

„Ни останува да се обидеме да ги спуштиме цените, меѓутоа тука не сме само ние тие што ги креираат цените. Прво се хотелиерите, па превозниците, па дури на крај сме ние како посредници во таа работа. Значи треба да дојдеме до некои минимални цени и да го свртиме интересот на граѓаните.“

Во сите светски туристички центри државите го намлија Данокот на додаденa вредност кај туристичкиот производ. Кај нас тоа не се случува. Хотелиерите коментираат дека не даваат пониски цени, од причина што не се во состојба. Со самото тоа индиректно најaвуваат дека со задржување на лански цени максимално е направено коригирање на цените. Помалку чини приватното сместување. Многумина кои издаваат соби во Охрид и вложуваат во развој, се заинтересирани нивниот производ да го понудат по лански цени, што ке им овоможи како поевтини да останат и пораспространети:

„Најповеќе интерес има за поевтиниот смештај, од пет до десет евра.“

Домашниот гостин во 80 проценти е чинител на македонското туристичко стопанство. Христов прогнозира дека покрај домашните гости и годинава македонскиот туризам, стандардно ке го спасуваат и гостите од регионот.

„Лани на пример имавме отварање кон старите пазари, како Холандија, Израел.. Во тој домен ги чувствувам промените, а додека регионалните гости од просторот околу нас, мислам дека тука ќе нема промени и дека тие ќе ја задржат посетеноста.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG